Нема сомнеж дека прегратката прави да се чувствуваме добро, но освен тоа, овој процес носи и други придобивки, особено кога станува збор за развојот на децата.

Еве зошто е важно редовно да ги гушкате децата.

Прегратките создаваат среќни деца

Психолошкото влијание од гушкањето е огромно. Не само што ја поттикнува самодовербата, туку и им помага да останат оптимисти. Овие психолошки ресурси се тесно поврзани и ги намалуваат ефектите од стресните настани што на крајот, го прави детето да се чувствува сакано и среќно.

Прегратките ги учат децата да развиваат емпатија

Прегратките ви помагаат вам и на вашето дете да бидете вклучени во сегашниот момент, навлегувајќи во тоа како се чувствувате двајцата и емоционално и психички. Овој вид размена на енергија му ја покажува на детето вредноста на емпатијата. Тоа се случува како што тие развиваат разбирање за тоа како се чувствуваат другите. Затоа, прегратката е добра лекција со која ќе им покажете на децата што значи соживувањето со луѓето и љубовта кон нив.

Прегратките помагаат во запирањето на тантрумот

Иако многу родители се загрижени дека ако го прегрнат своето дете додека има тантрум, на некој начин го наградуваат лошото однесување, тоа не е точно. Прегратката на им помага да се саморегулираат. Окситоцинот, хормонот на љубовта, ќе помогне детето да се смири и да се ослободи од анксиозноста.

Покрај тоа, прегратките помагаат да се надмине конфликтот помеѓу сопружниците. Имајте го предвид ова при наредната расправија.

Прегратките создаваат попаметни деца

На децата им е потребна различна сензорна стимулација за нивниот развој. Затоа физичкиот допир и различниот контакт со кожата се неопходни за нив. Д-р Сет Полак и неговите колеги од центарот „Ваизман“ и Катедрата за психологија на Универзитетот во Висконсин-Медисон спровеле истражување споредувајќи ги децата што биле посвоени од сиропиталиштата и оние што растеле во стабилни семејства. Првата група покажала поголемо одложување на моторната вештина, како и нарушен когнитивен развој, како резултат на недостиг на тактилна интеракција.

Другите истражувања покажаа дека обезбедувањето 15-минутна тактилна стимулација на ден, за 10 дена, кај деца од сиропиталишта придонела за повисоки оценки во процените на развојот, како и поголема зрелост и поголема активност.

Прегратката им помага на децата да растат

Со редовното гушкање на вашето дете му помагате да расте. Научниците откриле дека детските тела престануваат да растат нормално ако се лишени од сензорни допири и прегратки, и покрај тоа што редовно внесуваат витамини и други неопходни хранливи материи. Оваа состојба е позната како „неуспех во просперирањето“.

Објаснувањето на овој феномен е едноставно: хормонот окситоцин (познат и како хормон на љубовта) се ослободува при гушкање. Овој хормон носи позитивни ефекти врз нашите тела, а стимулацијата на раст е еден од нив. Кога ќе се ослободи, ги зголемува и подобрува и другите хормони за растење.

Прегратката му помага на детето да остане здраво

Како што веќе споменавме, хормонот окситоцин, кој се ослободува за време на гушкањето, има многу позитивни придобивки. Една од нив е да му помогне на вашето дете да остане здраво, како и да го подобри неговиот имунолошки систем. Исто така, окситоцинот промовира побрзо заздравување на раните и помага во намалувањето на воспалението, а на детето му помага и да се справи со социјалните и другите стресови со кои може да се соочи.

Прегратката создава силна врска помеѓу детето и родителите

Прегратките промовираат зголемување на довербата, што е суштински елемент во градењето на односите со децата, како и со другите луѓе.

Окситоцинот помага во намалување на чувството на страв и кај детето ја зголемува подготвеноста да преземе ризици и да им верува на другите. Исто така, го подобрува чувството на сигурност кај децата и ја зајакнува врската помеѓу родителот и детето.

Извор



912

X