Често проблемот со видот кај децата се открива предоцна. А ако проблемите се лекуваат до четвртата година од животот, во тој период многумина можат целосно да се излекуваат.

Децата учат да гледаат како што учат да одат – вежбајќи. Тренингот на видот почнува многу рано, веднаш по раѓањето. Но, периодот во кој детето учи да гледа е ограничен. Првите четири години сетилото за вид се усогласува со мозокот и тогаш е можно да се влијае врз слабоста на видот и трајно да се излекува. Ако не дејствувате во тој временски период, подоцна веќе нема да биде можно.

Во многу случаи очилата можат да го тренираат мозокот и да ги коригираат проблемите со видот. Затоа понекогаш може да забележите дека некое бебе носи очила. Но, предноста на така раното влијание врз слабоста на видот е дека очилата можат да го исправат проблемот и детето подоцна да нема потреба од очила. Покрај таа очигледно важна причина, тука е и онаа секојдневната – детето секој ден лошо гледа и можеби има тешкотии во функционирањето, напредувањето, учењето…

Како изгледа кога децата конечно ќе прогледаат:

Посетата на очен лекар е пожелна во раната возраст на детето, дури и ако немате сомневања околу видот на детето, дури и ако тестовите кај педијатарот не укажуваат на проблем. Ако во семејството често се јавувал проблем со видот или се присутни други ризик-фактори, појдете со детето на лекар кога тоа е на возраст од шест до девет месеци.

Симптоми што можат да упатат на проблем со видот кај малото дете:

– сликовниците ги држи преблиску до очите;
– со прстот го следи текстот при читање;
– не ги следи со поглед предметите и играчките:
– ги стиска очите, ги трие, често трепка
– необично ја наведнува главата при читање;
– го затвора или го покрива окото фокусирајќи се на предметот;
– по проодувањето често се удира во предмети;
– често му солзат очите;
– премногу е чувствително на светлина;
– не гледа добро кога го носите во театар, кино или кога му покажувате некој оддалечен предмет;
– сака да гледа телевизија што поблиску до екранот;
– без видлива причина да почне да избегнува ТВ или компјутер;
– се жали на главоболка;
– има ритмични движења на очите;
– има неусогласени движења на очите (страбизам).

Извор



912

X