Здравје

Зошто е важно децата да играат со топка, дури и во домот?

Во недостиг на слободно време на возрасните, кои би требало да ги носат децата во парк, многу деца се принудени да играат во своите домови. Истражувањата покажуваат дека во претшколска и рана школска возраст од сите активности децата ги сакаат оние што вклучуваат топка. На оваа возраст тие имаат голема потреба да бидат во движење, а топката им го овозможува тоа.

Докторите им препорачуваат на родителите кај нивните деца да ја разбудат желбата за топка уште од мали нозе, бидејќи тоа е добро за нивното физичко и социјално здравје. Меѓутоа, кога се во нивните домови, мајките и татковците повеќе сакаат децата да играат на компјутер, иако и дома може да играат со топка.

Експертите препорачуваат родителите да ги искористат моментите за заедничка игра и семејно дружење. Сите членови на различни начини може да си ја подаваат топката, дури и со нога во седечка позиција, но лесно, бес силни удари.

Родителите можат и да цртаат на топката со фломастери и да ја фрлаат во импровизиран кош (картонска кутија, кофа, канта). Важно е времето во домот да го поминат на забавен и креативен начин, а не играјќи игри на компјутер, таблет или телефон.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top