Веројатно секоја жена веќе слушнала дека магнезиумот е многу важен за трудниците. Сигурно се прашувате зошто е тоа така и на што точно влијае, па во продолжение ви нудиме објаснување.

Магнезиумот, меѓу другото, влијае и врз опуштањето на матката, со цел да се намали ризикот од спонтан абортус или предвремено породување. Покрај тоа, магнезиумот помага за нормализирање на крвниот притисок и ги релаксира ѕидовите на крвните садови, го забрзува исфрлањето на течностите од телото, го смирува нервниот систем, односно има благо седативно дејство.

Поради оваа причина, магнезиумот се препишува и за посериозна токсикоза во второто тримесечје, се дава и за тежок едем, хипертензија, но и за трудници кои имаат предиспозиција за тромбофлебитис (воспаление на вените). Исто така, магнезиумот се препишува за трудници кои имаат акутен недостиг на овој минерал.

Исто така, магнезиумот е важен фактор за одржување нормално ниво на шеќер во крвта. Имено, при скок на шеќерот во крвта, бубрезите не можат да одржат нормално ниво на магнезиум и на тој начин влегуваат во еден вид маѓепсан круг.

Симптоми кои укажуваат на недостиг на магнезиум за време на бременоста:

  • Гадење;
  • Повраќање;
  • Замор;
  • Губење на апетитот;
  • Несоница;
  • Мускулни грчеви;
  • Послаба меморија;
  • Неправилно отчукување на срцето, односно промени во срцевиот ритам;
  • Општа слабост.

Имајќи предвид дека повеќето од овие симптоми може да се појават во одреден дел од бременоста, придружени со симптоми на друга состојба и не се поврзани со нивото на магнезиум, доколку сте загрижени за нивото на магнезиум во телото, најдобро е да се консултирате со гинеколог и да проверите дали има потреба од земање суплементи.

Извор



912

X