Една прегратка дневно го брка докторот од дома! Нема сомнеж дека прегратките се добри, но покрај тоа, овој процес носи и многу други придобивки, особено кога станува збор за развојот на детето. Ајде да се нурнеме во науката за прегратки и да научиме кои други позитивни работи ги носат во нашите животи.

Прегратките создаваат посреќни деца

Психолошкиот ефект од прегратката е неверојатен. Не само што го подигнува нивото на самодоверба кај децата, туку им помага и да го задржат оптимизмот. Постојат три силни психолошки столба поврзани со обработката на стресни настани, а тоа се самодовербата, владеењето на вештините и оптимизмот. Покрај тоа, децата што редовно се гушкани се чувствуваат среќни и сакани.

Ги учат децата на емпатија

Прегратката им помага на родителот и детето да уживаат во сегашниот момент и да ги разберат меѓусебните чувства. Оваа размена на енергија му ја покажува на детето вредноста на емпатијата. На овој начин децата учат да разберат како се чувствуваат другите. Затоа, прегратката е добра лекција да му покажете на вашето дете што значи да сочувствувате и да ги сакате луѓето.

Ги запира изливите на гнев

Многу родители чии деца доживуваат бес се прашуваат дали го наградуваат нивното лошо однесување ако ги прегрнат. Но, напротив, прегратката им помага подобро да се контролираат. Хормонот на љубовта, окситоцинот, се ослободува кога ќе го прегрнете детето и му овозможува да се смири и да ја надмине анксиозноста. Дополнително, прегратката помага и при конфликти меѓу сопружниците за подобро справување со несогласувањата, па затоа е добра идеја да го имате тоа на ум следниот пат кога ќе се расправате.

Прегратките создаваат поспособни деца

На децата им требаат различни сензорни дразби за да се развијат. Физичкиот контакт и контактот со кожата се клучни. Д-р Сет Полак и колегите психолози од Центарот „Вајсман“ и Универзитетот во Висконсин – „Медисон“ спровеле истражување споредувајќи ги посвоените деца од домовите за згрижување со деца што растат во стабилни семејства. Во првата група децата заостанале во моторичките вештини и имале побавен когнитивен развој поради недостиг на тактилна интеракција. Во друга студија, тие откриле дека 15 минути тактилна стимулација во текот на 10 дена кај децата без родители им помогнала да развијат потенцијални и зрели навики, а децата воопшто стануваат поактивни.

Поради прегратките, децата растат

Иако звучи чудно, прегратката му помага на детето да расте. Истражувачите откриле дека децата на кои им недостигаат сензорни стимули го забавуваат растот, особено ако не примаат редовно прегратки. Овој проблем е видлив и покрај редовното внесување витамини и други важни хранливи материи. Објаснувањето за овој феномен е едноставно. За време на прегратката, телото го ослободува хормонот окситоцин, кој позитивно влијае врз телото, а меѓу другото ги стимулира и хормоните за раст.

Остануваат здрави

Хормонот окситоцин не само што влијае врз растот, туку придонесува и за подобар имунолошки систем. Исто така, придонесува за побрзо зараснување на раните и ги намалува воспалителните процеси. Има и силен психолошки ефект бидејќи им помага на децата да се справат со различни видови стрес.

Создава силни врски со родителите

Прегратката ја поттикнува довербата, која е неопходна за да се создаде квалитетен однос со родителите и другите луѓе. Окситоцинот го намалува стравот и поттикнува подготвеност да им верувате на другите. Покрај тоа, децата се чувствуваат побезбедни и заштитени, а истовремено создаваат посилна врска со нивните родители.

Автор: Карина Шиждрак

Извор



912

X