Еден, два, три… Ова е честа фраза која родителите ја кажуваат кога се качуваат на врвот на тобоганот со своето дете или бебе в скут, па со пискотници и радост заедно се спуштаат по тобоганот. Ова го прават многу родители, а децата уживаат. Мислите дека тоа е најбезбедниот начин вашето мало дете да ужива во спуштањето без опасност?

Децата што не можат да одат или сè уште учат да одат можат да се сопнат и да паднат, нели? Или не сакаат да одат сами затоа што се плашат.

Но, експертите велат дека е опасно да му се придружите на вашето дете на тобоганот. Според студија од 2017 година, предводена од д-р Чарлс Џенисен, клинички професор и лекар по педијатриска итна медицина на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ајова Карвер, научниците покажале дека децата од пет години и помлади се изложени на зголемен ризик од повреди на потколениците, вклучително и фрактури на коските ако се спуштаат по лизгалка во скутот на возрасните.

Д-р Џенисен и неговиот истражувачки тим го користеле Националниот електронски систем за следење повреди (NEISS) во САД. Тие откриле дека повеќе од 35.000 деца на возраст под 5 години биле повредени на тобогани од 2002 до 2015 година, а 36 отсто од нив скршиле коска. Малите деца на возраст од 12 до 23 месеци биле посклони кон повреди отколку децата на возраст од 3 до 5 години. Малите деца, исто така, имале 12 пати поголема веројатност да се спуштаат надолу по лизгалка додека се во скутот на возрасен.

Авторите заклучиле дека е помала веројатноста подоцна во животот да се спуштат додека се во скутот на некој возрасен. Тие ги повикале давателите на здравствени услуги да ја разгледаат можноста за овие видови повреди, кои може да резултираат со фрактури на потколеницата. Научниците, исто така, веруваат дека родителите треба да бидат информирани оти ногата на детето може да се фати на површината на лизгалката кога е во нечиј скут, со што се зголемува ризикот од извртување, вртење и кршење на коските.

Не постојат неодамнешни податоци што ја побиваат или поддржуваат оваа студија. Но, нема потреба да се чувствувате виновни или засрамени ако се симнувате по лизгалка со дете во скутот. Вие само се забавувавте и веројатно мислите дека тоа е најбезбедниот начин. Разбирањето на ризиците од која било родителска активност или стратегија може да ви помогне да донесувате одлуки.

Авторите на студијата предлагаат да не се спуштате по лизгалката со дете во скутот, а ако го правите тоа, да внимавате стапалото на детето да не се заглави на површината на лизгалката.

Извор



912

X