Синдромот на средно дете не е измислена работа, туку е реален. Имено, средното дете во семејството честопати се чувствува запоставено или помалку сакано во споредба со неговите браќа и сестри.

Средното дете може да се чувствува заробено помеѓу бебето и најстариот и најмудар брат или сестра. Но, постојат неколку придобивки зошто е добро да се биде средно дете.

1. Родителите веројатно се поопуштени со вас

Родителите сигурно биле построги со првите деца. Како бебе, тие сигурно не дозволувале никој да го држи нивното првороденче. Потоа дојде второто и работите се променија. На средното дете веројатно му било полесно отколку на неговите браќа сестри.

2. Поотворени се за искуство

Освен што средните деца се поотворени за искуство, тие може да развијат и различни способности додека ја бараат целта во семејството.

3. Лесно склопуваат пријателства

Родителите на средните деца биле помалку строги кон нив, што значи дека овие деца можеле да формираат посилни пријателства на помлада возраст.

4. Знаат да чуваат тајни

Можеби средните деца не добиваат толку внимание како бебето, но според експертите, ова значи дека тие се способни повеќе работи да ги задржат за себе и со тоа да чуваат тајни.

5. Исто се паметни колку и нивните браќа/сестри

Истражување од 2015 година го разби популарниот мит кој вели дека првородените деца се најголеми интелектуалци во семејството. Иако имаат повисока интелигенција, маргините се крајно мали.

6. Понезависни се од постарите и помладите браќа/сестри

Бидејќи родителите се поопуштени, средните деца можат да прават повеќе работи сами и со тоа да станат понезависни.

7. Живеат подолго од помладиот брат/сестра

Истражување од 2015 година открива дека ризикот за смртност подоцна во животот се зголемува со подоцнежниот редослед на раѓање. Додека средното дете може нема да живее подолго од постариот брат/сестра, може да го надживее помладиот брат/сестра.

8. Не се омилени меѓу роднините, но за нив тоа е сосема ок

Бабите и дедовците, тетките и чичковците може да не го изберат средното дете за миленик, но за средното дете ова е во ред.

Извор



912

X