Сите знаат дека физичката активност е многу важна за здравјето, а ситуацијата не е различна во текот на бременоста. Секако, пред каква било физичка активност трудниците треба да се консултираат со својот гинеколог, а доколку сѐ е во ред и можете да бидете активни, треба да знаете дека пешачењето е најдобрата активност.

Ова се придобивките од секојдневното пешачење во бременоста:

Го зајакнува срцето – пешачењето е еден вид кардио-тренинг, односно ја забрзува циркулацијата, така што органите добиваат повеќе кислород, а срцето работи поефикасно.

Добро влијае врз телесната тежина – сосема е нормално жената да се здебели за време на бременоста, но пешачењето може да помогне во одржувањето на тежината, особено ако сте склони кон дебелеење.

Го нормализира крвниот притисок – високиот крвен притисок вообичаено претставува ризик за здравјето, а за време на бременоста може да биде опасен и за мајката и за бебето. Затоа се препорачува пешачење, бидејќи при прошетка притисокот е намален – но повторно, само доколку лекарот ви каже дека физичката активност е дозволена.

Го зајакнува грбот – во бременоста обично се појавуваат болки во грбот затоа што ‘рбетот претрпува поголемо оптоварување како што расте стомакот, па затоа пешачењето е важно за време на бременоста.

Ги зајакнува коските – за време на бременоста се лачи хормонот релаксин, кој ги омекнува коските и зглобовите. Затоа е добро да се пешачи и со тоа да се стимулира врзувањето на калциумот со коските.

Ја нормализира функцијата на цревата – речиси и да нема трудница која барем во еден дел од бременоста не патела од запек. Секојдневното пешачење може да помогне во тоа и да ги поттикне цревата да работат подобро.

Го намалува стресот – различни хормонални промени кои се случуваат во телото на трудницата може да влијаат и врз честите промени на расположението. Пешачењето е добар начин да се намали стресот, да се опуштите и да се чувствувате подобро.

Извор



912

X