Еден родител споделил на друштвена мрежа корисен трик кој е одличен за патување со децата.
Анонимниот родител на друштвената мрежа „Редит“ објаснил дека сите родители со себе би требало да носат балони кога патуваат со своите мали деца.
„Многу пати балоните ме спасија на патувањата со децата“, напишал тој и објаснил дека балоните на дување заземаат минимално место и буквално можете да ги носите во џебот, а се извонреден трик на патувањата кога на децата ќе им здосадат сите други играчки.
„На децата кога патуваат им здосадуваат нивните играчки, па кога тоа ќе се случи, извадете го балонот, надувајте го и тој ќе ги забавува, па така ќе го потрошат вишокот нивната енергија“.
„Во една пригода ни беше откажан летот и на децата им беше многу здодевно на аеродром. Тогаш го извадив балонот од џеб, наидовме на место без луѓе и игравме одбојка 90 минути. Има многу игри што можете да ги измислите кои вклучуваат балони, а ќе му бидат интересни и на 15-годишник и на двегодишно дете. Дополнително, и родителите се забавуваат!“, вели таткото.