Трудна и секогаш уморна?  Истражување објавено во списанието „Слип медисин“ потврдува дека дремките во текот на бременоста се добри за здравјето на бебето. Се поврзуваат со поздрава родилна тежина и намален ризик од прениска родилна тежина.

Во Кина, каде што попладневните дремки се вообичаени, истражувачите ги анализирале податоците на над 10.000 жени вклучени во истражувањето. Како дел од истражувањето, жените одговарале на прашања за своите навики за спиење во текот на бременоста. Во споредба со жените што воопшто не дремнувале, жените што дремнувале попладне барем еден и пол час имале значително помали шанси да родат бебе со ниска родилна тежина (2.500 грама и помалку), додека жените што дремнувале еден час исто така имале помал ризик од раѓање бебиња со ниска родилна тежина, но тие дополнителни 30 минути речиси двојно го зголемиле ефектот на заштита.

Истражувањето покажало дека колку повеќе спие бремената жена, толку е посилна врската меѓу дремнувањето и здравата родилна тежина, а била најсилна кај жените што пријавиле 90-минутни дремки пет до седум дена во неделата.

– Според нашите анализи, ова е првото истражување што ја проценило поврзаноста меѓу попладневната дремка и зачестеноста на попладневните дремки во текот на доцната бременост и ризикот за ниска родилна тежина. Нашите наоди упатуваат на тоа дека соодветната попладневна дремка и нејзината зачестеност кај бремените жени може да го намалат ризикот од ниска родилна тежина – се вели во истражувањето.

Ова звучи одлично. Секако, и други фактори придонесуваат за здрава родилна тежина. Што е најважно на што треба да внимаваат мајките ? На своето здравје. Претходните истражувања покажаа дека бебињата чии мајки биле здрави и здраво се хранеле имале слична родилна тежина во сите делови од светот.



912

X