Игротека

Зошто децата толку многу ги сакаат диносаурусите?

Речиси секое момче, дури и девојче, станува опседнато со диносаурусите во одреден момент од предучилишниот или раниот училиштен живот.

Овие суштества што исчезнаа пред 65 милиони години некако го најдоа својот пат до љубопитните умови на децата. Децата знаат да именуваат видови, обожаваат да пребаруваат книги за диносаурусите, да гледаат цртани филмови со нив, а да не зборуваме за играчки.

Научниците тврдат дека најмалку една третина од децата што ги изучуваат имаат психолошки феномен што почнува да се појавува околу 18 месеци од животот на детето. Имаат толку „силен“ интерес што не е лошо, бидејќи стануваат повнимателни, посветени, нивното внимание расте, но и вештината за обработка на информациите.

На пример, ако вашето дете го знае секој диносаурус по име и, на пример, дали е тревојад или месојад, тоа е одлична основа за понатамошно учење. Ваквиот интензивен интерес трае во просек помеѓу шест месеци и три години.

За малите деца, диносаурусите се „суштества“ кои се олицетворение на непознати и речиси мистични особини. Имаат остри заби, големи канџи, лушпести тела, необични екстремитети… Како да се помирите со нешто толку големо, страшно и непознато, освен да го запознаете и да дознаете многу за него? Дури и да се изумрени и повеќе да не шетаат на Земјата. Ова знаење може да има многу смирувачки ефект врз децата и да им помогне полесно да се справат со други застрашувачки животни или луѓе.

Овие суштества најчесто ги учат децата како се појавуваат и исчезнуваат видовите и како привремено се приспособуваат и преживуваат. Интересот за диносаурусите им помага на децата да добијат увид во возраста и временската рамка на животот на Земјата и да ги ценат интересните суштества што некогаш постоеле.

Некои научници веруваат дека фасцинацијата со диносаурусите не е ништо друго, туку одамна воспоставен инстинкт на ловец и плен. Значи, според нивните размислувања, децата се водат од основниот инстинкт „вие сте интересни затоа што во други околности би бил ловец и вие сте мојата можна храна“ или „вие сте интересни бидејќи би можеле да бидете ловец, а јас сум храна што бега од вас“.

Полскиот психолог Казимир Дабровски во 60-тите години посочи дека постојат пет области во кои децата покажуваат интензивна и „прекумерна возбуда“ или „суперчувствителност“. Тоа се психомоторни, тактилни, емоционални, интелектуални и имагинарни области. Љубовта кон диносаурусите опфаќа повеќе од една област. Децата размислуваат интелектуално, бараат одговори и објаснувања за нивните прашања. Овие информации потоа се обработуваат и категоризираат. Тие секако ја вклучуваат фантазијата, измислувајќи приказни кои може или немаат врска со реалноста.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top