Стапката со која на децата им досадуваат играчките може да биде збунувачка и фрустрирачка за многу родители. Повеќето родители сигурно го доживеале ова многу пати – детето моли за нова играчка и ветува дека ќе ја сака и чува засекогаш, па вие попуштате и му ја купувате. Вашето малечко на почетокот е навистина возбудено и заљубено во новата играчка, но само неколку дена подоцна таа играчка повеќе не е интересна. Зошто?

Д-р Камил Ејс, лиценциран клинички психолог и мајка на две деца, го припишува ова брзо губење на интересот на некои психолошки и физиолошки принципи.

„На желбата на детето за играчка може да влијае неразвиената емоционална регулација, слабата контрола на импулсот или притисокот од врсниците“, објаснува таа и додава дека неразвиениот процес на одлучување кај децата и тинејџерите може да биде фактор за досада со нова играчка, бидејќи им е тешко да го предвидат идниот исход кога нивните емотивни, ирационални мисли ќе ги обземат и ќе одлучат дека им треба нова играчка.

„Исто така, може да се случи нова играчка, која на почетокот изгледаше како големо чудо, всушност да е играчка која ја ограничува или не ја поттикнува детската имагинација. Имено, играчка која ја ограничува креативноста на детето може да предизвика губење на интересот без разлика колку во почетокот детето било возбудено да ја грабне најновата, најинтересната играчка со малите прсти“, вели психологот.

Лиценцираниот клинички психолог д-р Ребека Харви, мајка на едно дете, вели дека друга причина за здодевност може да биде тоа што децата имаат природна граница на нивното внимание – генерално земено, тоа е околу два до три пати поголема од нивната возраст, така што едно четиригодишно дете во просек би имало околу осум до 12 минути концентрација на една играчка или активност.

Извор



912

X