Здравје

Децата се неуморни, а има и зошто

Научниците откриле дека мускулите на младите момчиња не се заморуваат лесно – дури и кога извршуваат физички задачи на слично ниво со спортистите

Дали некогаш сте се запрашале зошто децата можат да трчаат цел ден и воопшто да не се уморни? Најновите истражувања покажуваат дека причината за ова лежи во тоа што нивните мускули се спротивставуваат на заморот на сличен начин како што се спротивставуваат на елитните спортисти.
Истражувањето побара од младите момчиња, необучените мажи и професионалните спортисти да извршуваат вежби со висок интензитет, а потоа набљудувале колку брзо нивните мускули се замориле и се обновиле.

Закрепнуваат побрзо

Тие откриле дека мускулите на младите момчиња не се уморуваат лесно – дури и кога извршуваат физички задачи на слично ниво со спортистите.
„Сликата што ја добивме е дека децата имаат иста стапка на замор како и професионалните спортисти“, вели истражувачот Тони Блазевиќ од Универзитетот „Едит Кован“.
„Всушност, тие закрепнуваат и побрзо од елитните спортисти, што можеби е причината зошто децата толку брзо се враќаат во нормала по целодневното трчање и игри“, додава тој.
Тим Олдс, професор за здравствени науки на Универзитетот во Јужна Австралија, рече дека истражувањето е доста интересно, меѓутоа, истакна дека не значи дека децата се исто толку добри колку и врвните спортисти.
„Откриено е дека закрепнуваат на ист начин како и спортистите, за разлика од мажите што не тренирале“, вели Олдс.

Како телото создава енергија

За да разбереме зошто децата имаат толку голема издржливост и брзо закрепнуваат, треба да разбереме како телото создава енергија.
„Постојат два широки начина за генерирање енергија: аеробен и анаеробен. Анаеробната енергија произведува лактат, а кога високите нивоа на лактат се зголемуваат во мускулите, предизвикуваат замор. Но децата немаат високо развиен анаеробен систем како возрасните, така што тие не произведуваат многу млечна киселина и со тоа не се заморуваат. Ова не значи дека децата се физички подготвени, туку значи дека немаат развиен анаеробен капацитет“, вели тој.
„Ова покажува дека децата се всушност добри во играње, запирање, играње, запирање, играње, запирање“, додава тој.
Исто така, истражувањето отиде чекор понапред кон подобро разбирање на тоа како ризикот од развој на болести како рак, кардиоваскуларни болести и дијабетес се зголемува како што старееме.
„Со зголемувањето на болестите поврзани со физичката неактивност, корисно е да се разберат физиолошките промени со растот што може да придонесат за ризикот од болести. Нашите истражувања покажуваат дека анаеробната кондиција значително се намалува како што децата созреваат“, изјави Себастијан Рател од Универзитетот „Клермонт Аувергн“.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top