Ново истражување открива дека родителите би требало да ги оставаат своите деца да одат боси. Имено, според научниците, одењето без чевли прави чуда за нивните нозе и за развојот на мозокот.

Честото одење без чевли всушност има смисла кога подобро ќе се размисли. Поголемиот дел од човечката историја чевлите не биле ништо друго освен заштита на нозете од студеното време. Интересно е што не постојат никакви еволуциски или психолошки основи според кои би можеле чевлите да ги наречеме некаков вид потпора. Нашите нозе, односно стапала, функционираат на ист начин и со чевли и без нив, за да му помогнат на нашето тело да се движи.

Всушност, претераното носење чевли во детството би можело да биде една од причините поради кои луѓето подоцна имаат проблеми со стапалата. Рамните табани често се поврзуваат со носењето чевли прерано во детството, а научниците сега дошле до заклучок дека носењето чевли, особено оние затворените, може да биде клучно за развојот на здрав табан. Истражувањето „Одење и држење на телото“ од 2008 година исто така потврдило дека сите деца би требало да носат флексибилни наместо традиционални чевли, поради кои децата често не научуваат правилно да одат.

Ова е секако добра вест за родителите чии деца преферираат да трчаат наоколу без чевли или оние што постојано ги соблекуваат каде и да се. И не само што тоа не е лошо за нив, туку научниците тврдат дека одењето без чевли има многу предности. Луѓето имале поздрави стапала пред да се појават чевлите, кои го расипале нашето природно одење и нормалниот развој на стапалата и на зглобовите. Колку повеќе одат боси децата, толку подобро за нив.

Сепак, многу родители се двоумат дали да ги пуштат своите деца да трчаат боси зашто се плашат од повреди. Сепак, кога децата одат боси, кожата на табаните станува поцврста и подебела. Единствена ситуација кога родителите би требало да им забранат на децата да одат боси е кога мислат дека постои шанса да нагазат на игла стакло или на нешто што би можело да биде од голема опасност. Но, ако сте во сопствениот двор или во проверено и сигурно опкружување, не грижете се.

За бебињата особено е важно да одат без чевли бидејќи токму истражувањето на светот со боси нозе им дава стимулација за допир кој помага во развојот на мозокот. Стапалото е еден од деловите на телото со најбогати нерви и дозволувањето на децата во целост да ја почувствуваат разликата во текстурата и површината по која одат им помага при рамнотежата, координацијата, нервниот и мускулниот систем, но и при свесноста за околината.

Исто така, ако вашите деца инсистираат да играат без чевли, дозволете им. Поттикнете ги на тоа. Нозете секогаш мора да се измијат, а децата ќе ви бидат благодарни, исто како и нивните стапала.



912

X