Децата денес растат со „Јутјуб“, „Нетфликс“ и „Спотифај“, учат да користат паметни телефони и таблети дури и пред да почнат да зборуваат. Ако мислите дека вашето дете е понапредно од вас, сега имате доказ за тоа, барем во однос на технологијата, велат научниците од Универзитетот во Калифорнија.

Во експеримент споредиле група од 100 деца на четири и пет години со група од 170 ученици, а целта била да откријат кој подобро се снаоѓа со непознатите уреди.

Децата од градинка подобро ги разбираат новите уреди отколку родителите

Уредот што го тестирале функционирал така што различни форми од глина морало прво да се вметнат во посебни кутии за да се открие комбинацијата со чија помош рамката ќе светне и ќе се пушти музика. Во просек, помалите деца биле значително побрзи во откривањето на правилните комбинации од учениците, велат истражувачите.

Тие објаснуваат дека малите деца подобро се приспособуваат на новите технологии бидејќи тие подобро се препуштаат на апстрактното размислување и не се фокусирани на она што веќе го знаат, како што прават учениците. Апстрактното размислување му дава можност на човекот да ги надмине границите на пропишаните норми и правила, што доведува до нови откритија.

„Неверојатно е што четиригодишното дете ги разбира причинско-последичните односи подобро од возрасните“, вели коавторот на студијата, професорот Кристофер Лукас.

Извор



912

X