Воспитување

Зошто денешните деца може да бидат бесрамно некултурни?

Децата се благослов, но постојат моменти кога можат да ви газат по нервите, особено кога се некултурни и непослушни. Ема Џенер, специјалист за детски развој и однесување на децата, позната како водителка на ТВ-шоуто „Take home nanny“, знае какви можат да бидат децата со оглед на тоа што заработува грижејќи се за нив. Според Џенер, не е ваша имагинација – современите деца навистина се помалку културни од претходните генерации и постојат причини зошто е така.

1. Недостиг на соодветна заедница

Современите родители се трудат премногу да бидат независни кога станува збор за одгледување на своите деца и мислат дека другите луѓе што се обидуваат да им помогнат ги преминуваат границите, дури и ако тоа се бабите и дедовците на нивните деца. За разлика од нив, постарите генерации знаеле дека заедницата треба да се вклучи во животот на детето. Ова ги учи децата да имаат почит кон другите возрасни во животот. Инаку, тие растат мислејќи дека не треба да имаат емоционална врска со другите луѓе во заедницата.

2. Премногу сме толерантни

Честопати кога децата се однесуваат лошо, ние ги толерираме затоа што можеби се премногу млади за да ги разберат своите постапки. Чувствуваме дека децата се наивни и невини, но не е така. Децата брзо учат, па затоа е важно да го поправиме лошото однесување доволно брзо за да сфатат дека некои навики не се во ред.

3. Родителите користат премногу работи за одвлекување на нивното внимание

Пред неколку години децата имаа среќа ако родителите им дозволеа да слушаат радио на патувањата со автомобили и мораа да се разбудат рано во сабота наутро за да гледаат цртани филмови. Денес, децата имаат таблети, ајпади и многу други уреди и можат да уживаат во омилената музика, филмови и телевизиски емисии без да чекаат.

Проблемот со ваквата погодност е што со сета забава, родителите не комуницираат доволно со своите деца колку што комуницирале родителите порано. Децата треба да развијат човечки однос и не можат да ризикуваат да станат премногу независни на млада возраст.

4. Родителите се чувствуваат емотивно уценети

Современите родители научија да им даваат на своите деца повеќе признанија и да ги ценат нивните мислења. Иако ова не е лошо нешто само по себе, може да биде претерано. Децата треба да знаат дека нема да бидат деца засекогаш. Кога ќе им дадете поголема привилегија, проверете дали тоа доаѓа со поголема одговорност. Ако се вклучени во воннаставни активности, дајте им до знаење дека некои аспекти од тоа, на пример подготвувањето, зависат од нив.

5. Децата заземаат премногу време во распоредот на родителите

Децата треба да бидат главни во животот на родителите, но и на родителите им е потребно време за себе. Не само што ова е здраво за родителите туку и децата треба да разберат дека родителите имаат потреби за сопствен морален развој. Родителите треба да им дадат до знаење на децата дека не постојат само за нив. На тој начин децата ќе научат дека потребите на сите треба да бидат третирани со грижа и почит.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top