Возрасните деца денес имаат од 20 до 30 години. Тие се млади, но веќе имаат самодоверба со прилично детски хобија како истражување на фантазии, игри и Симпсонови. Тие можат да направат генијална презентација за конференција за нуклеарна физика која користи „мемиња“. Можат и да излезат во клуб по тешка смена на работа.

Размислете за генерацијата бејби-бум (луѓе родени пред 1979 година) кога имале 25-30 години. Тоа биле возрасни, исполнети луѓе кои имале по 3 работи, воспитувале деца, а навечер разговарале за политички проблеми и класична музика.
Но, што е со младите на денешницава? Милениумците (генерацијата родена од 1979 до 1995) и покрај нивната интелигенција и финансиска независност и стабилност, го бараат своето јас до 30-35 година, живеат во изнајмени станови или во куќите на своите родители и мислат: „Претпоставувам дека вака прават возрасните!“ И, се разбира, тие не мислат дека се возрасни.

Значи, зошто се такви модерните млади и во своите 40-ти години? Еве го објаснувањето:

1. Нова фаза во човечкиот развој

Да се навратиме на историјата: сѐ до почетокот на 20 век не постоеја тинејџери. Пред седумнаесеттата година лицето се сметало за дете, а на денот кога ќе наполнело 17 години, добивало голем дар – семејни обврски и цел што побрзо да стане финансиски независно.
И дури во 1904 година, благодарение на извонредниот научен труд на Стенли Хол наречен „Адолесценција“, светската заедница почнала да размислува за периодот што денес го нарекуваме „тинејџерство“.

Хол е првата личност што го опишала овој период како време на бура и силен напад. Во неговиот труд навистина има многу илустративни графикони кои ја покажуваат врската меѓу нивоата на тага и возраста на личноста. По овој труд почнало поинаку да се гледа на тинејџерите. Луѓето престанале за нив да мислат како за мрзливи и бунтовни деца, туку почнале да ги гледаат како луѓе кои се борат на патот кон тоа да станат возрасна личност.

Теоретски, периодот од 20. до 30. година или дури 35 (да го наречеме млада возрасна личност) исто така може да има свои проблеми ако ја проучуваме емоционалната страна. Значи, ако во 20 век сите се сложувале дека тинејџерите не се возрасни лица, можеби во 21 век луѓето ќе кажат дека ни младите не се возрасни личности!
На пример, минатата година научниците веќе кажаа дека тинејџерскиот живот би требало да се продолжи до 24-тата година.

2. Очекуваниот животен век се зголеми

На почетокот на 20 век просечното очекувано траење на животот било околу 50 години. Се разбира, ако очекувате да живеете само 45 години, чудно е да се поминат 35 години од својот живот „барајќи се себеси“. Во овој случај немате многу време за размислување. Мора да бидете брзи, тоа е клучот за успехот.

Денес, во многу развиени земји просечното траење на животот е над 80 години. Па зошто тогаш да не им се дозволи на луѓето од 20 до 30 години да експериментираат на различни полиња од животот пред да најдат нешто што ќе ги смири во наредните 50 години?
И, се разбира, денес нема секој да доживее 80 години. Животот е неверојатна работа. Во секој момент сешто може да се случи и тоа никој не може да го предвиди.

3. И светот се менува

Овде постојат неколку различни мислења:
Прво и најистакнато е дека живееме во релативно мирно време. Нема потреба младата генерација да биде супер сериозна.
Денес има многу помалку деца во модерните семејства. Како резултат на тоа, луѓето имаат повеќе време и пари да ги воспитуваат своите деца, така што самиот процес на воспитување трае подолго.
На пример, според статистиките, 1/3 од младите во Америка (една од најнапредните земји во светот) на возраст од 20 до 30 години живеат со своите родители.
Општеството од ден на ден станува сѐ посложено. И, се разбира, потребно е многу повеќе време доволно да се научи за тоа. Порано, ако сте биле син на ковач, и вие сте станувале ковач. Денес работите не се толку едноставни.
Глобализацијата е тренд за кој се зборува кратко време, но веќе остава огромен впечаток врз младите луѓе говорејќи им дека се слободни да прават што сакаат без оглед на својата култура и потекло. Мора да признаете дека интернетот е посилен од која било традиција.

Младите не брзаат да се венчаат бидејќи религиозните и моралните правила се сѐ послаби. Сексот пред бракот и заедничкиот живот денес се обични работи. Повеќе од тоа, пилулите за контрацепција и кондомите, законските абортуси и луѓето што не сакаат деца исто така не влијаат на добар начин врз институцијата брак. Според статистиките, во најразвиените земји денес луѓето не се венчаваат пред 32-та година.

4. Младите луѓе сѐ помалку се авантуристи

Може да признаеме дека денешните млади луѓе имаат многу помалку авантуристички дух. Веројатно тоа е така затоа што нема јаки забрани и затоа што луѓето гледаат многу различни работи во медиумите. Во секој случај, ова се последиците.
Милениумците прават помалку кривични дела отколку генерациите на нивните родители. Старите гангстери би биле разочарани кога би ги виделе денешните млади луѓе. Стапката на криминал се наоѓа на најниско ниво досега затоа што милениумците не се заинтересирани за тоа.

Новите генерации се помалку заинтересирани за секс. Според британска студија, секој осми Британец е невин во 26-тата година. Тоа е резултат на културата на хиперсексуалност која, според мислењата на футуролозите, целосно ќе го промени светот на сексот во наредните 10-15 години.
Бројот на млади луѓе што сакаат да научат да возат опаѓа. Возењето со градски превоз или со такси им е поисплатливо отколку да имаат сопствен автомобил.
Нивото на тинејџерски бремености е на најниско ниво и во споредба со периодот од пред 10 години, овој број двојно се намалил.

5. Чувство на можности

Џефри Џенсен Арнет, професор по психологија на Универзитетот „Кларк“ зборува за „чувството на можности“ со кое ги опишува младите луѓе во 21 век. Тоа подразбира чувство на несигурност за својата иднина, но и чувство на оптимизам во поглед на можностите.
Значи, стандардна работа од 9 до 17, мала но постојана кавга со сопругот, деца, семејните вечери за викенд и одење на море еднаш годишно не се на списокот со работи што типичната личност од 20 до 30 години сака да ги има. Тие побрзо би рекле: „Јас сум единствен, јас сум вториот Илон Маск“. Но сите овие Илони навистина се плашат за својата иднина и немаат јасни планови. Тоа е разликата меѓу нив и нивните родители, кои точно знаеле што сакаат од своите животи.

Кон што води сето ова?

Сите гореспоменати причини и промени што се случиле доведоа до овие алтернативни модели на возрасната доба (се разбира, тоа е ако отфрлиме многу луѓе кои ги наследиле и ги продолжиле животите на нивните родители):
Возрасните деца денес имаат 20 до 30 години. Тие се млади, но веќе имаат самодоверба со прилично детинести хобија, како што се истражување на фантазиите, игри и Симпсонови. Тие можат да направат генијална презентација за конференција за нуклеарна физика која користи „мемиња“. Можат да излезат во клуб по тешка смена на работа. Всушност, тие се паметни луѓе што имаат тинејџерски хобија.

Дали може да се направи нешто околу ова?

Клиничкиот психолог Мег Џеј им објаснила нешто на младите кои дошле на нејзиното предавање и кои се жалеле како потрошиле децении од животот не знаејќи што да прават.
Таа кажала 3 работи што треба да ги знае секоја личност постара од 20, а помлада од 40 години, за да не се разочара кога ќе порасне:

1. Заборавете на својата лична криза и работете на себе, научете нови работи и станете повредни. Се разбира, би требало да се барате себеси, но не дозволувајте оваа потрага да се претвори во едноставно одолжување.

2. Не ограничувајте ја својата комуникација. Новите луѓе или типот што познава некој тип може да биде многу корисен во животот. На пример, не можете да најдете многу работи во весниците или на интернет, па понекогаш мора да знаете луѓе. Ова не е мамење. Вака се шират информациите.

3. Кога ќе наполните 30 години, кога ќе забележите дека сите ваши пријатели на „Фејсбук“ се венчаваат, не брзајте да се венчате со некој само затоа што изгледа дека мора да го направите тоа. Тоа значи дека треба да барате љубов исто како што барате работа.

Заклучок
Значи, модерните 20-годишници се исти како пред 50 години, но светот се променил. И како што знаете, луѓето добро се приспособуваат, затоа сега имаме толку необична генерација. Не судете си себеси, на своите деца или на роднините.



912

X