Игротека

Зошто Дедо Мраз постојано вели „хо, хо, хо“?

Тој можеби знае кога сте биле добри или лоши, можеби може да се спушти низ оџакот за да достави подароци. Но, што се однесува до зборувањето, Дедо Мраз сигурно е еден од најинтересните ликови. Има една фраза која секогаш се поврзува со него, а тоа е „Хо, хо, хо“. Но, што значи тоа? По сè изгледа, тој всушност ништо не кажува со таа фраза.

Дедо Мраз нема длабока дискусија со никого. Имено, фразата се користи како скратена верзија на „Среќни празници“ (Happy holiday). Додека го изговара тоа, тој се смее. Па наместо да вели „Ха, ха, ха!“, а дополнително и поради неговиот голем стомак, и бидејќи е уникатен како лик, неговото смеење и изразување звучи магично. Ако размислите, секогаш е прикажан како со рацете го држи стомакот кој потскокнува додека тој вели „хо, хо, хо“, смеејќи се. Исто така, ја наведнува главата наназад, додека го држи стомакот и се смешка. Па тогаш е моментот кога извикнува „хо, хо, хо“.

Тоа е решението на мистеријата. Кога Дедо Мраз вели „хо, хо, хо“, тоа е всушност експресија на длабока радост и среќа. Звукот кој се слуша е само смеењето на Дедо Мраз, бидејќи тој навистина е многу весел лик.

Автор: Џенифер Паприс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top