Вашето бебе повторно ги соблече чевлите, а вам косата ви се крева од тоа? Науката тврди дека вашиот кошмар го задушува растот, развојот и слободата на детето.

Многу родители сѐ уште веруваат дека одењето бос може да предизвика почести настинки. Но, ако бебињата се чувствуваат удобно и среќно и можат правилно да се развијат и истражуваат, зошто да не бидат боси?

Статија објавена од мадридскиот Универзитет „Комплутенсе“ силно се залага за тоа бебињата да бидат боси.

– Кога им ги облекувате чевлите на бебињата, тие се лишени од корисни информации за перцепција што можат да играат важна улога во нивниот централен нервен систем – наведуваат тие.

Експертите од овој универзитет објавија студија наречена „Превентивна педијатрија: Босоногите бебиња стануваат попаметни деца“.

Во текот на целото истражување тие ја критикуваат продажбата и рекламирањето обувки за деца и прекумерната педијатриска препорака дека чевлите мора да бидат на нозе, што е чин што е потребен само за да се загреат стапалата, велат експертите.

Изабел Гентил Гарсија, професорка на Факултетот за медицински сестри, физиотерапија и педијатрија на Универзитетот „Комплутенсе“, предупредува дека покривањето на нозете на детето ја лишува перцепцијата за положбата и движењето на неговото тело во однос на просторот. Според овој експерт, моторните способности на босите деца побрзо созреваат, со визуелна и рачна координација.

Професорката ја нагласува важноста да ги оставите бебињата боси и тврди дека стапалата претставуваат пат што го информира бебето за надворешниот свет преку кој се запознава со различни површини и текстури.

Во областа на неврологијата, се верува дека стапалата на децата се почувствителни на допир отколку рацете додека децата не наполнат десет месеци, така што во текот на првите месеци од животот стапалата извршуваат важна функција од нивното експериментирање. Возрасните честопати се чувствуваат нервозни кога гледаат боси бебиња, но на децата им е многу поудобно и повеќе би сакале да бидат голи и боси отколку облечени.

Гарсија тврди дека освен што босите деца се посреќни, тоа придонесува и за подобро и побрзо стекнување координација и им помага да постигнат подлабока врска со околината.

Извор



912

X