Дали некогаш сте забележале на образите кај штотуку родените бебиња дека нема солзи дури и кога плачат со цела сила? Еве зошто…
Ако имате деца, знаете како одат работите со новородените бебиња: им ги менувате пелените, ги нахранувате, ги подигнувате за да подригнат, а потоа тие не сакаат да спијат, викаат на цел глас.
Лицето им е згрчено, очите затворени, кожата станува сè поцрвена од секунда во секунда и своите мали белодробни крила ги ставаат на тест.
Потоа почнувате да се преиспитувате, се прашувате дали бебето е гладно, дали му е топло или ладно, дали е сува пелената… Зошто тогаш плаче? А нема солзи?
Новородените бебиња плачат на „суво“ бидејќи нивните солзни жлезди се развиваат по раѓањето.
Повеќето бебиња ќе почнат да плачат со солзи околу две недели по раѓањето, но понекогаш тој период на плачење без солзи може да продолжи и до два месеца бидејќи развивањето на солзните жлезди може да оди малку побавно.
Солзните жлезди се во облик на бадем и се наоѓаат под горните капаци во надворешниот агол на окото.
– Тие се како облаци што создаваат дожд. Солзите потоа поминуваат преку окото, а имате и систем за дренажа и солзни канали во внатрешниот агол на окотo – објаснува педијатарот Филип Шервуд за „Мирор“.
Колку солзи ќе течат по образите кога плачеме, зависи од тоа колку е добар системот на солзни канали и колку солзи произведуваат солзните жлезди, додава тој.
Но, бидејќи новородените бебиња немаат солзни жлезди, немаат ни солзи во првите недели по раѓањето.