Што е првото нешто што го правите кога ќе го слушнете бебето како плаче? Станувате и го земате в раце. Знаеме дека ова е еден начин за релаксирање и смирување на новороденчето. Се практикува со векови и секогаш успева. Но, која е причината за овој феномен?
Според истражување објавено во списанието „Тековна биологија“, кога мајките станувале и ги земале в раце бебињата на возраст под шест месеци, тие веднаш се смирувале и престанувале со плачење. Нивната срцева фреквенција почнала да опаѓа во споредба со онаа на бебињата што се наоѓале во рацете на мајката што седела.
Оваа реакција на бебињата не се однесува само на луѓето. Слично нешто се забележува и кај други цицачи.
Истражувачите го набљудувале однесувањето на 12 здрави бебиња на возраст од еден до шест месеци. Целта била да се утврди кој е најефикасен начин на смирување на расплакано или вознемирено бебе. Се покажало дека тоа е носењето в раце.
Научниците заклучиле дека причината за ваквото однесување е вродениот механизам за преживување, кој е суштински дел од интеракцијата помеѓу мајката и детето. Носењето в раце ги стимулира физиолошките реакции кои помагаат да се смири детето.
Со други зборови, ако вашето бебе почне да плаче, паметно е да го земете в раце. На тој начин ќе дознаете дали е исплашено или гладно.
Автор: Венди Виснер