Пар апостолки или сандали можеби изгледаат удобни за време на летото и кога сте во двор, на кампување или покрај базен, но овој вид чевли не се соодветни за децата, особено ако нивните стапала сè уште се во развој, сметаат експертите. Лорен Мехија добила над 15 илјади прегледи на социјалната мрежа „Тик-ток“ за нејзините совети. Таа им вели на следбениците да ги отстранат апостолките или сандалите со рамни ѓонови, ако имаат мали деца. Наместо нив, мајката рекла дека сака нејзините деца да носат чевли кои се затворени кај прстите и со кои нема да им се лизгаат нозете, особено кога одат на базен.

Додека таа не го објаснила нејзиниот избор, педијатарот Даниле Ганхиан од Санта Моника вели дека советот на мајката е логичен бидејќи децата уживаат да трчаат и да скокаат по парковите или на базен. Тој забележал дека чевли со ѓон кој не се лизга се најбезбедни за децата што се активни.

Апостолките поттикнуваат здравствени проблеми

Бидејќи апостолките имаат рамна површина, не можат да обезбедат доволна основа и поддршка за развојот на стапалото на детето. Површината на стапалото брзо ќе се развие додека да наполнат 5 години, а сето тоа е важно за добра рамнотежа и сила. Неразвиени стапала значи и искусување поголема болка и непријатност по неколку часа одење или стоење на нозе. Има многу брендови што нудат апостолки за малечки стапала. Некогаш, ако родителите го најдат идеалниот дизајн, купуваат поголеми броеви за да им дадат простор на стапалата да растат додека децата ги носат влечките. Сепак, тоа само ја зголемува шансата за можни повреди бидејќи стапалата на децата се на погрешна површина. Секое стапало е уникатно, а секои апостолки имаат уникатен образец за носење. Со нив се поддржува стапалото на точното место од лицето што ги носи, па затоа луѓето често се чувствуваат неудобно кога носат апостолки од други лица.

Во споредба со затворените чевли, еден пар целосно отворени сандали со изглед како апостолки (врвка помеѓу прстите) го принудува детето да ги користи палците за да се одржува при секој чекор. Оваа повторувачка акција може да доведе до тоа тетивите постојано да се виткаат кога движењето е во надолна точка. Експертите го дефинираат тој деформитет како нешто кое може да го отежни движењето и да предизвика болка и неудобност. Во некои случаи детето може да развие калуси и често да се жали на грчеви во нозете. Па така, апостолките не се добри за носење подолг временски период, бидејќи детето ќе се научи на таа олабавеност во нозете и нема да му биде удобно со патики и затворени чевли.

Најдобри чевли за деца

Најдобрите чевли треба да ги имаат основите: добра поддршка, удобност и леснотија при користењето. Според д-р Шон Дуенч, ако детето инсистира да носи апостолки бидејќи едноставно само се навлекуваат на нозете, родителите не треба да купуваат од евтините брендови изработени со помал квалитет. Изберете пар кој има цврста подлога, приспособливи врвки и добра основа кај петицата. Пред да купите, обидете се полека да ги свиткате апостолките. Ако имаат цврст, солиден дизајн, не би требало да се виткаат, особено не при нежно виткање. Родителите мора да ги потсетат своите деца да не трчаат со апостолките бидејќи тие не им обезбедуваат стабилност.

Автор: Лилијан Скот

Извор



912

X