Се соочувам со проблем да најдам добар бебиситер за моите две деца, па наидов на „неискористен пазар“ како што се бебиситери-тинејџери. Малку знаев дека изнајмувањето 16-годишно момче како бебиситер е контроверзна акција што загарантирано ќе предизвика чудење кај другите луѓе. Кога најдов тинејџерка-бебиситерка, морав да го кријам нејзиниот телефонски број.

Но, кога ќе го пофалам тинејџерот, добивам сомнителни погледи и прашања: „Дали сте сигурни дека тоа е безбедно?“ Можеби мислат дека ќе лансира ракета од мојата дневна соба.

Како и да е, откако неколку пати го ангажирав истиот млад човек, цврсто стојам на одлуката да не дозволам пристрасноста по пол да влијае врз моите барања на бебиситер. Еве зошто.

1. Лего-коцки – Иако ви изгледа чудно што лего-коцките се на врвот на мојата листа, на моето 8-годишно момче и моето 5-годишно девојче фактот што нивниот бебиситер им помага да изградат цела командна станица со лего-коцки, без насоки, доведе до тоа син ми ревносно да рече: „Ова беше најдобриот ден досега“.

2. Достапност – Како што напишав, тинејџерките се прилично зафатени кога станува збор за чување деца. Нивните распореди се пополнети, додека тинејџерите се слободни.


3. Трошоци – Се обидувам да платам фер за тоа што момчето ги чува моите деца, но кога преговарате со бебиситер кој е баран, цената на час може да се зголеми до точка кога наскоро ќе заработува повеќе од вас. Но, тинејџерите речиси изгледаат изненадени што ќе им платите да си играат со лего-коцки и деца и да јадат пица, подалеку од нивните родители.

4. Забава – Колку и да сакам да не бидам пристрасна, не можам а да не забележам дека забавата што ја имаат децата со тинејџерот-бебиситер е многу поразлична од онаа со тинејџерка. Со неа поминуваат време прскајќи се во базенот додека таа се сонча и внимателно ги следи. Со него, голема е веројатноста да фрлаат балони полни со вода. Можеби тинејџерот-бебиситер не води грижа за чистотата во кујната и домот, но барем моите деца се исцрпени од високите нивоа на активност.

Автор: Менди Досон

Извор



912

X