Вашето дете има пет години и можеби и самите веќе сте забележале дека тоа е малку специфичен период, не е мало дете, но не е ни возрасно. Петгодишниците сакаат правила, сакаат да издаваат, а поради наглото растење, и постојано се гладни. Тие се некаде во средината. Тоа е време кое сакате засекогаш да го зачувате, но сакате и што побрзо да помине. Што е тоа што е фантастично и неподносливо кај нашите драги петгодишни дечиња:

Петгодишниците се плачливи

Изгледа дека кога имаш пет години сè е причина за да почнеш да плачеш. Не можеш да ги најдеш чевлите? Се разбира, тоа е причина да плачеш. Мораш да одиш на базен, а сакаш да гледаш телевизија, се разбира, солзите се решение. Причината за тоа се многубројните емоции со кои овие деца се среќаваат, а најлесно им е да ги решат проблемите со плачење. Сè што можете е да им покажете многу љубов и поддршка, да им понудите прегратка додека бурата не помине.

Големи се, но и не се

Овие деца сметаат дека имаат право на сите работи што се за поголемите деца, но исто така и на оние што се за помалите деца. На пример, сакаат да одат во кино да го гледаат истиот филм како и братот кој има 10 години, но воедно сакаат тој филм да го гледаат додека седат во скутот на мајка си. Ако добие негативен одговор, детето ќе заплаче. Сакаат и играчки со кои нема да си играат бидејќи се веќе големи, или штица за сурфање која ќе стои до нив во песокот бидејќи тие сакаат да прават замок. Симпатично, нели? Тие едноставно многу сакаат да пораснат, но исто така сакаат и да останат бебиња.

Правилата се свети

Правилата им се ѕвезда-водилка на овие деца, а кој ќе ги прекрши, ќе биде строго казнет. Сакаат да ги издаваат другите и да пренесуваат нешто што некој го направил спротивно на правилата. Ги сакаат правилата бидејќи им носат ред во инаку хаотичните работи, кои за малите деца често немаат смисла. А правилата доведуваат до тоа некои работи едноставно да добијат смисла. Кога, пак, ќе издаде некој што ги прекршил правилата, детето нема да заборави да спомене дека тоа немало никаква врска со стореното. Но, истите тие правила не се однесуваат на него. Тие важат за другите. Вие, петгодишниците, смеете да ги оставате чевлите во ходникот, да ја земате играчката на помладиот брат и да ги ставите прстите во шлагот од тортата.

Сè се врти околу телевизорот

Иако вашето дете од пет години веќе е големо за „Прасето Пепа“, вие и понатаму морате да ја слушате на екранот. Но, тоа е период кој е голем предизвик за вашето дете бидејќи тоа полека влегува во светот на „возрасните“ цртани, а некои ликови можат да бидат многу застрашувачки. Но, едно е сигурно, преку цртаните филмови вашите петгодишни деца ќе владеат со телевизорот.

Гладни по цел ден

Изгледа дека петгодишниците постојано растат. А тоа би значело и дека цело време се гладни. Така, ако сте родител на вакво дете, знаете дека ниту на најкратката прошетка не смеете да одите без грицки. Иако неодамна ручало, детето ќе побара сендвич. Ако покажете сомневање во неговиот избор, би можело да почне да плаче. Но, и покрај своето гладување, може да се случи во четврток да изјави дека мрази сирење или грашок, а во понеделникот сосема нормално го јадел.

Извор



912

X