Пријателствата имаат големо влијание во нашиот живот, а особено се важни во детството и адолесценцијата. Пријателите нѐ следат додека растеме и имаат важно влијание врз развојот на нашата самодоверба и начинот на кој го гледаме светот. Поради оваа причина, многу родители може да бидат во искушение да ги изберат пријателите на своите деца за да ги поштедат од можни страдања. Погрешните пријатели во училишните години можат да им наштетат на децата и младите. Ова се знаците што ќе ви помогнат да ги препознаете токсичните пријателства меѓу децата.

Притисок од врсниците

Ако вашето дете постојано е загрижено што ќе мислат неговите пријатели за неговата облека или за што било друго, тоа е знак за можен притисок од врсниците, што се смета за знак на токсично пријателство.

Недостиг на соработка

Пријателството бара разбирање. Ако вашето дете има пријатели кои се обидуваат да го совладаат во одлуките, пријателскиот однос не е најздрав.

Непочитување

Непочитувањето нема место во ниту една врска, дури ни во пријателската. Помогнете му на вашето дете да разбере дека почитувањето на другите е најважно.

Недостиг на граници

На секој му треба време за себе. Ако пријателите на вашето дете постојано го бараат неговото внимание и не ги почитуваат границите, тие се токсични.

Љубомора

Љубомората може да биде токсична. Кога детето не сака да сподели пријател со други лица, работите може да тргнат наопаку.

Недоверба

Најдобар пријател е личност од доверба која ве прифаќа со сите ваши силни и слаби страни. Ако детето не му верува на својот пријател и не се чувствува удобно покрај него, веројатно тоа е нездраво пријателство.

Премногу озборување

Озборувањето меѓу пријателите е добро, но кога ќе прерасне во осудување на другите или кога е претерано, тогаш е токсично.

Извор



912

X