Малите деца често се зафатени со играње и истражување, па не ни забележуваат дека се жедни. Не е секогаш лесно да се сфати кога на детето му се потребни течности, особено кога и самото сè уште не користи зборови за да ви каже. Малите деца се ранливи и склони кон дехидратација бидејќи малата големина на нивното тело значи дека тие примаат помалку течности, па балансот помеѓу примените течности и оние што ги изгубиле може лесно да се наруши.

Не грижете се. Вие можете да се осигурате дека детето прима доволно течности ако научите да ги препознавате знаците за дехидратација кај децата.
Најлесно е да видите дали детето произведува доволно чиста урина во својата пелена (или нокшир). Можеби детето не знае да ви каже дека е жедно, но ова се примарните знаци:

– Поретко уринира;
– Урината е потемна и поконцентрирана;
– Испукани усни или други знаци за сува кожа;
– Помалку е активно од вообичаено;
– Плаче без солзи;
– Црвена сува кожа;
– Апатија.

Превенција

Без разлика дали трчате по детето низ паркот или се забавувате во песок, ова се неколку начини за превенција од дехидратација.

– Дајте му на детето навреме доволно течности – потребни му се 4 до 6 шолји течност дневно, вклучувајќи и 2 шолји млеко. Остатокот може да биде вода и малку сок. Ако е многу топло, дополнителни 2 до 3 шолји вода дневно.

– Не претерувајте со сокови – соковите имаат и витамини, но количината треба да се ограничи на најмногу половина чаша бидејќи содржат и многу шеќери. Премногу сокови може да предизвикаат кариес, дебелеење, дијареја. Ако детето пие сок, тоа нека биде 100 проценти природен сок.

– Избегнувајте ги топлите денови од денот – распоредот на активности на детето нека биде за  посвежите делови од денот бидејќи силното сонце и трошењето енергија во парк, во градина или на базен може да доведе до дехидратација. Кога е многу топло, најдете сенка, или тоа нека биде времето за попладневна дремка.

– Соодветна облека – детето секогаш нека носи капа и лесна летна облека кога е топло.

– Понесете течности со себе – ако излегувате надвор, имајте со вас шишенце со вода.

– Изберете храна што содржи голема количина вода – лубеницата е одличен избор, како и супа или смути.

Што да направите ако детето е дехидрирано?

Прво треба да го тргнете детето од сонце или топлина и да го однесете во затворена, изладена просторија. Дајте му течности што содржат електролити, но ако детето не го сака солениот вкус, доволна е и вода.

Кога треба да се носи во болница?

Кога детето има сериозна дехидратација, можеби ќе треба да оди во болница да прими инфузија и течности. Тоа треба да се примени ако:

– Има невообичаено студенило на рацете и нозете;
– Набори на кожата;
– Екстремна зашеметеност;
– Летаргија или невообичаена поспаност;
– Меки делови на главата;
– Сува пелена повеќе од 6 часа.

Дехидратација и стомачен вирус

Дехидратацијата е честа компликација од стомачните вируси бидејќи кога детето повраќа или има дијареја, тогаш е да го одржувате хидрирано. Кога повраќа често и многу, детето губи содиум, потасиум и хлорид – кои се важни за регулирање на балансот на течности во телото.

Повеќето случаи може да се третираат дома, освен ако детето не може да толерира течности воопшто. На кратки паузи давајте му течности сè додека не се смири. Исто така, може да пробате да му давате по една лажичка вода на секои 10 минути, во времетраење од еден час. Ако сè биде во ред, зголемете ја количината на вода. Јавете се на педијатар ако:

– Детето повраќа повеќе од 24 часа;
– Има крвава столица, со зелена боја или со форма на зрна кафе;
– Ако не толерира течности;
– Ако има подуеност на абдоменот и болка.

Постепено давајте му течности на детето преку електролити во период од 12 до 24 часа, како што повраќањето и дијарејата постепено се смируваат. Давајте му круши, банани, желатин со вкус, за детето постепено да почне да се враќа во нормала во однос на исхраната.

Екстремните временски услови или стомачниот вирус може да бидат вистински предизвик во однос на хидратацијата на детето. Но, ако детето добива течности соодветно и ако забележите некои од овие знаци, тогаш можете да извршите превенција во однос на сериозна форма на дехидратација. Кој и да е изворот за жедта на детето, ако видите потенцијални загрижувачки симптоми, не двоумете се да побарате лекарска помош.

Автор: Сара Новак

Извор



912

X