Кога веќе се справувате со едно дете – и сè друго во животот – може да е тешко да запомните дури и да ги облечете панталоните пред да излезете од дома, а не пак да сфатите дека сте подготвени за уште едно малечко во сето тоа лудило. Па, како мајка на две деца, одлучив да помогнам во врска со тие размислувања и да понудам секојдневни знаци кои ја покажуваат вашата подготвеност:

– Сте сфатиле дека вашето дете ја надраснало облеката за новороденче и тажни сте поради тоа, а никако не можете да се охрабрите некому да ја дадете, па ја оставате во орманот.
– Размислувате за своето прво породилно искуство и сфаќате дека повеќечасовното породување и не било толку страшно.
– Почнувате да сфаќате дека сте премногу одморени.
– Не можете да се воздржите да не притрчате кон новите родители и да уживате во мирисот на нивните бебиња.
– Ја истражувате можноста за купување голем семеен автомобил.
– Немате желба да ја пробате храната во новоотворениот ресторан. Најдраги ви се оние што покрај јадењето послужуваат дрвени боици и боенки.


– Веќе размислувате за тоа кое име би му го дале на второто дете.
– Ви недостигаат пелените во секоја просторија од домот.
– Често посакувате вашето дете сè уште да е бебе.
– Носталгично гледате во своите труднички фустани и широки маици во орманот.

Автор: Кенди Кирби

Извор



912

X