Железото е многу важно – неопходно е за растот и развојот на детето, а некои деца го немаат доволно, па се изложени на ризик да развијат состојба наречена анемија. Според клиниката „Мајо“, доколку не се препознае навреме, тоа може да има сериозни последици.

Бебиња што се родени предвреме или имаат ниска родилна тежина, доените бебиња кои не примаат суплементи што содржат железо по 6-месечна возраст, бебиња што пијат вештачко млеко што не е збогатено со железо, деца на возраст од една до пет години кои пијат повеќе од 710 милилитри кравјо, козјо или млеко од соја дневно, деца што имаат одредени здравствени состојби, како што се хронични инфекции или ограничена исхрана, деца што не јадат доволно храна богата со железо и деца што се со прекумерна тежина – имаат најголем ризик од дефицит на железо. Лекарите предупредуваат дека и тинејџерките се изложени на поголем ризик од недостиг на железо бидејќи нивното тело губи железо за време на менструацијата.

Кои се знаците за недостиг на железо кај децата?

Недостигот на железо може да влијае врз способноста на детето да функционира добро во текот на денот. Сепак, повеќето знаци за недостиг на железо кај децата не се појавуваат додека не дојде до анемија предизвикана од овој недостиг, која не била препознаена навреме.

Други знаци се: бледа кожа, замор, студени раце и нозе, забавен раст и развој, слаб апетит, забрзано дишење, проблеми со однесувањето, чести инфекции и невообичаена желба за јадење работи како мраз, нечистотија, песок, хартија и слично.

Извор



912

X