Не сите ја имаат привилегијата да пораснат со мајка која им дава вистинска љубов и поддршка, но оние што ја имаат таа среќа, го носат нејзиното влијание во текот на целиот живот. Добрата мајка не се грижи само за основните потреби на детето, туку таа и го обликува неговиот поглед на светот, односите со другите и начинот на кој се соочува со предизвиците, вели истражувачот по психологија Лаклан Браун. Тој истакнува дека одредени особини откриваат дали некој имал среќа да расте со добра мајка.
Способност за здраво изразување на емоциите
– Луѓето што пораснале со грижлива мајка знаат како на здрав начин да ги изразат своите емоции. Тие не ги потиснуваат чувствата, ниту пак реагираат импулсивно, туку научиле да комуницираат на продуктивен начин. Ова произлегува од воспитување каде што нивните емоции биле почитувани, а не игнорирани, што подоцна им помага подобро да се снаоѓаат во меѓучовечките односи, на работа и во секојдневниот живот – објаснува Браун.
Покажување љубезност без очекување нешто за возврат
Добрата мајка учи дека добрината треба да се споделува без очекување нешто за возврат, тврди Браун.
– Луѓето што израснале со мајка што им влеала емпатија и сочувство им помагаат на другите не затоа што очекуваат награда, туку затоа што веруваат дека тоа е правилниот начин на кој треба да се однесуваме едни кон други. Оваа вредност станува составен дел од нивните секојдневни односи – вели тој.

Поставување здрави граници
Грижливата мајка не ја покажува љубовта само низ нежност, туку и преку учење како да се постават граници.
– Луѓето што пораснале со вакво воспитување разбираат дека љубезноста не значи секогаш да се каже „да“. Тие знаат како да го заштитат своето време, енергија и вредности без да чувствуваат вина. Тие знаат дека поставувањето граници не е себичност, туку клучен израз на самопочит – заклучува Браун.
912