Бојана Стојменовиќ, психолог, семеен и системски советник

Бојана Стојменовиќ, психолог, семеен и системски советник

„Мој психолог“
Тел. 075 964 015

Повеќе од авторот

Родителите и наставниците/професорите да имаат постојана комуникација. Ваков проблем се решава тимски

Врсничко насилство, т.н. булинг е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, меѓу учениците, кое не застанува таму, туку продолжува да ги следи децата во домот.

Знаци што може да ги забележите на училиште:

– Детето станува агресивно без повод.
– Се впушта во тепачки со други (помали) деца.
– Не сака да разговара со наставниците/професорите за тоа што се случува.
– Има необјасниви модринки, исеченици, гребеници, кои особено се појавуваат по големиот одмор.
– Облеката често му е оштетена, скината по големиот одмор или по часовите. Често фалат некои делови од облеката.
– Училишниот успех се намалува.
– Детето често е само (само седи во клупа или е само на голем одмор) и често е исклучено од групите во одделението (врсниците).
– Покажува промени во однесувањето кога треба да зборува пред целото одделение (одбива или се срами).
– Покажува знаци на страв и несигурност.
– Често пати од другите деца во одделението е мета на задевање (со мимики или дофрлања).

Знаци што може да ги забележите дома:

– Има проблем со станувањето наутро за училиште.
– Не сака/одбива да оди на училиште.
– Пројавува регрес во однесувањето (особено помалите деца во основно училиште).
– Ја менуваат рутината кога одат на училиште и уплашени се кога треба да одат сами. Често од вас (почесто од порано) бараат вие да ги однесете на училиште.
– Ги менуваат нагло навиките во однос на спиењето и јадењето.
– Многу често детето е плачливо, пројавува лутина и бес, го менува расположението и е анксиозно.
– Има модринки и рани по телото за кои не ви дава (не сака да ви даде) објаснување.
– Има стомачни болки.
– По училиште облеката му е валкана, оштетена или, пак, некој дел недостига.
– Почнува од вас да бара повеќе пари за џепарлак или повеќе храна.
– Доаѓа дома многу гладно.
– Не сака да разговара со вас за училиштето, неговите пријатели или, пак, за неговата онлајн-комуникација (преку социјалните мрежи; многу често булингот продолжува и таму по училиштето).

Во секој случај, препорачувам родителите и наставниците/професорите да имаат постојана комуникација. Доколку се појави ваков проблем, треба да се пристапи тимски, а не да се решава индивидуално.



912

X