Повеќето парови настојуваат од врската да направат рамноправно партнерство. Желбата да се грижиме за другата половина е сосема природна, но постои тенка граница помеѓу грижата за партнерот и она што личи на грижа за детето. Следуваат 5 знаци кои укажуваат на тоа дека во врската се однесувате повеќе како родител, а помалку како партнер.

Кавга без решение

Расправиите и кавгите се составен дел од секоја врска, но важно е успешно да ги решите. Ако завршат безуспешно, само ќе чувствувате лутина и гнев. Сетете се само како изгледале вашите кавги со родителите додека сте биле деца. Кавгите со партнерот треба да бидат токму спротивни бидејќи и вашите улоги се рамноправни.

Чистење по партнерот

Да го следите партнерот во чекор и да чистите по него навистина нема смисла. Без разлика дали се работи за трошки храна или куп облека на подот, партнерот треба да биде свесен дека тој треба да расчисти зад себе. За среќна врска, доволно е да ги поделите рамноправно домашните задачи.

Давање изговори

Нормално е да сакате секогаш да го гледате партнерот во најдобро светло и да сакате да браните некои негови одлуки. Меѓутоа, постојаната потреба за давање изговори и оправдување на лошото однесување кое трае веќе подолго време нема да ја направи вашата врска успешна. Нема потреба за мајчинска заштита, туку треба да го поттикнете вашиот партнер да ја прифати одговорноста за сопственото однесување.

Целосно контролирање

Некои лица едноставно имаат контролирачки карактер. Но, ако баш секој аспект од врската го контролирате бидејќи немате доверба во вашиот партнер, тогаш настанува проблем. Важно е и давјцата партнери да ја сфатат состојбата на врската и да сакаат да се променат бидејќи ако не му дозволувате на партнерот да донесува некои одлуки, тоа може многу лошо да влијае врз вашиот однос и вашата иднина.

Постојано приговарање

Никој не сака приговарање без престан, а особено не она лице што тоа мора константно да го слуша. Можеби се чини дека тоа е единствениот начин да допрете до партнерот кој се однесува како дете, но конструктивниот разговор помеѓу две возрасни лица и тоа како е можен ако и двајцата се потрудите.

Извор



912

X