Премногу сол во телото го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, висок крвен притисок, нарушувања во однос на минералите во телото и други болести. Заедно со премалку вежбање, преголемата количина сол може негативно да влијае врз здравјето на возрасните, како и врз растот и развојот на децата и младите.

За возрасните се препорачува да не надминуваат 5 милиграми дневно, а за децата, во зависност од возраста, вредат следните бројки:

– пред една година без додавање сол во кашичките
– во периодот од 1 до 3 години, помалку од 1,5 грам
– од 4 до 6 години, 1,16 грам
– од 7 до 13 години 3,6 грама
– за адолесценти од 14 до 18 години 4 грама сол дневно.

А како да препознаете дека земате премногу сол? Овие знаци ќе ви помогнат:

1. Јадете готови јадења

Премногу честата консумација на индустриски преработена храна, особено готови јадења, како инстант-сосови, е прв знак на претерана консумација на сол. Овие производи, речиси без исклучок, содржат премногу сол и брзо ја надминуваат нашата дневна потреба за сол. Обидете се при купувањето да внимавате колку натриум има во производите, конзервите, супите од кеса или смрзнатата храна, која често има и скриени додатоци на сол.

2. Дехидрирани сте

Преголемото внесување сол влијае врз течностите во телото. Солта, имено, ја одзема течноста на телото. Резултат на тоа е дехидратација и недостиг на течности важни за функционирање на телото. Јасен знак е ако наутро се будите со силна жед. Тогаш веројатно за вечера сте зеле премногу сол во форма на сирење, маслинки или сте биле во кино и сте изеле многу солени пуканки. Обрнете внимание: дехидратацијата исто така може да предизвика главоболка или болки во желудникот.

3. Се чувствувате надуени и отечени

Ако редовно чувствувате надуеност, тоа може да биде знак дека консумирате премногу сол. Вишокот сол ни дава чувство на надуеност бидејќи солта ја врзува водата и ја задржува во телото. Тоа не ве прави само потешки на вага, туку е и многу штетно за здравјето.

4. Ви се променил вкусот на храната

Преголемото внесување сол може да влијае и врз вашите непца, па да ги затапи вашите рецептори за вкус. Многу вкусната храна и добро зачинетата храна одеднаш немаат доволно добар вкус и вие дополнително посолувате. Внимавајте да не сте влезени во магичен круг. Како да знаете дека нешто се променило? Едноставно. Појдете да јадете нешто со пријателите и нарачајте го истото јадење како и другите. Ако сте единствените на кои им недостига сол, ќе знаете. Но, тоа можете да го промените! Неколку дена обидете се да јадете помалку солено и избегнувајте силни и солени намирници. Диетата без сол брзо ќе ви ги врати вкусовите.

5. Имате висок крвен притисок

Луѓето што имаат висок крвен притисок мора да внимаваат на внесувањето сол. Но и долготрајното внесување сол од вас може да направи човек со висок крвен притисок. Ако сте во ризик, задолжително избегнувајте готови јадења и брза храна и редовно прегледувајте се.

6. Имате камена во бубрегот

Што точно ги предизвикува камчињата во бубрезите? Еден од факторите е преголемо внесување сол што влијае врз вашите бубрези и на крајот го поттикнува развојот на бубрежни камчиња. Намалете ја веројатноста за формирање камчиња во бубрезите така што редовно ќе пиете многу вода и ќе го држите внесот на сол под надзор.

Извор



912

X