Воспитување

Знаци дека вашето дете е подготвено да ја остави пелената

На соседите им се фали дека нејзиниот син е мал гениј и дека пред својот втор роденден бил без пелени. Вашата внука, од друга страна, го одбивала одењето во тоалет сè до претшколска возраст. Кое е вистинското време за привикнување на нокшир? Веднаш ќе ја разбиеме оваа недоумица – вистинското време не е одредено. Како и кај другите развојни моменти, децата се единствени, па важно е да му се дозволи на детето самото да го одреди темпото кога ќе почне со користење на нокширот.

Ако детето не е подготвено, и најдобрата тактика ќе пропадне. Затоа, почекајте додека не видите знаци кои укажуваат на тоа дека вашето дете е подготвено:

-Повеќе не морате да ги менувате пелените толку често. До 20. месец од животот децата мократ толку често, што е нереално да се очекува дека ќе можат да го контролираат мочниот меур. Но, детето чија пелена останува сува 2 часа по ред и се буди со сува пелена повремено, физиолошки е подготвено за нокшир.

– Празнењето на цревата станува предвидливо. Без разлика дали има голема нужда наутро, по јадење или непосредно пред спиење, редовниот ритам ќе ви помогне да предвидите кога детето да го ставите на нокшир и да ја зголемите шансата за успех.

-Детето само го најавува вршењето на нуждата. Некои деца со радост најавуваат кога ќе дојде свечениот момент: Сега ќе какам! Други, пак, се повлекуваат во ќоше. Без разлика на начинот на сигнализација, штом детето ќе покаже дека е свесно за функциите на своето тело, спремно е за нокшир.

-Не поднесува валкани пелени. Во одреден момент повеќето деца поминуваат низ фаза кога им пречи нередот. Од трошки на маицата, лепливи прсти, па до полни пелени. Ова е одлична можност да почнете да го учите детето на користење нокшир.

-Може самото да се соблече. Кога природата ќе го „повика“, нокширот нема да биде од корист ако детето не може брзо да се соблече.

-Без разлика на тоа дали претпочитате детски жаргон, како што е „какање“, „мочкање“ или формална терминологија како „голема нужда“ и „мала нужда“, вашето дете е подготвено за нокшир ако разбира и може да ги поврзе активностите поврзани за одреден дел од телото.

Како да му помогнете на детето?

Облекувајте го детето во едноставна облека која лесно може да ја соблече и облече. Комплицираното соблекување и облекување ќе ја отежни правовремената реакција. Одберете го правилниот нокшир. Некои деца повеќе сакаат да имаат свој адаптер за веце-шолјата, а други повеќе сакаат нокшир. Одлучете што е најдобро за вашето дете. Ако купите адаптер, нека биде стабилен за да не се исплаши детето. Внимавајте на знаците – можеби ќе ги забележите пред вашето дете. Ако забележите дека вашето дете се витка или се напрега, одведете го во тоалет. Можеби детето ќе биде посвесно за нуждата ако не носи панталони или тренирки.

Бидете трпеливи. Може да биде фрустрирачко што морате да го исчистите подот од тоалетот, но бидете трпеливи додека вашето дете совладува нови вештини. Во текот на денот повремено одведете го во тоалет. Но, немојте да бидете груби, туку нежно и внимателно укажувајте на важноста за одење во тоалет. Вашата нетрпеливост може да му ја наруши самодовербата и да го забави процесот на одвикнување од пелените. Не забранувајте му на детето да пие течности. Тоа е лоша идеја, неправедна и неефикасна. Всушност, покорисно е да се зголемува количината на течност за да имате повеќе шанси за успешно учење. Избегнете ја борбата во тоалетот. Ако наидете на целосен отпор, најдобро е да попуштите. Ако детето не е подготвено за промена, вратете ги пелените и повторно обидете се по неколку недели. Пофалете го детето. Кога ќе постигне успех, кажете му колку сте горди и наградете го со нешто што го сака.

Колку време е потребно за детето да се откаже од пелени?

Некои деца речиси веднаш се навикнуваат на нокшир, а на некои тој процес им оди побавно. Ако е таков случај, тоа не значи дека заостанува во развојот, туку дека има свој ритам кон кој треба да се приспособите. Некои деца почнуваат околу втората, а некои околу третата година. Процесот може да потрае и подолго време. Помеѓу 5 и 7 години повеќето деца веќе би требало да го совладаат процесот.

Затоа, подгответе се за менување облека и постелнина. Но, обидете се да бидете трпеливи и немојте да форсирате. На крајот, вашето малечко сигурно ќе ја совлада и оваа вештина, а пред тоа да го сфатите, веќе нема да морате да носите пелени секаде, ниту резервна облека.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top