Дали некогаш сте се запрашале дали сте премногу строги со вашето дете? Загрижени сте дека вашите очекувања би можеле да бидат премногу високи? Експертите предупредуваат дека постојат знаци кои јасно можат да покажат дека сте премногу строг родител. Ова се некои од нив.

Имате нулта толеранција

Иако е важно да се имаат јасни правила кога станува збор за родителството, еднакво е важно да се признае дека постојат исклучоци од правилата. Наместо да заземате авторитарен став за сè, експертите препорачуваат да покажете подготвеност да го оцените однесувањето на вашето дете во контекст на околностите.

Вашето дете многу лаже

Иако е нормално децата понекогаш да ја кријат вистината, многу претходни студии покажаа дека строгата дисциплина ги претвора децата во добри лажговци. Ако сте премногу строги, вашето дете најверојатно ќе лаже во обид да избегне казна или да избегне да ве налути.

Вашето дете има повеќе ограничувања од другите деца

Нема ништо лошо во тоа да имате различни правила од другите родители. Меѓутоа, ако сте секогаш најстрогиот родител од сите во вашето друштво, тоа може да биде знак дека сепак вашите очекувања се малку превисоки.

Имате премалку трпение

Ако забележите дека секогаш имате малку трпение, голема е веројатноста тоа да се однесува и на вашето воспитување. Родителите треба да бидат трпеливи, особено кога се во прашање децата и поставувањето граници, советуваат експертите.

Се борите со туѓиот недостиг на дисциплина

Строгите родители честопати имаат проблем да толерираат сè, од начинот на кој наставникот ја води наставата до начинот на кој бабата се справува со проблемите во однесувањето кога ги чува своите внуци. Во ред е децата да бидат изложени на возрасни кои имаат различни правила и различни типови дисциплина.

Имате долг список со правила

Правилата се добри, но премногу правила може да бидат штетни. Одржувајте едноставни правила и вклучете ги само најважните што сакате вашето дете да ги памети. Поставете ја вашата листа со куќни правила на место каде што вашето дете секогаш може да ја види.

Извор



912

X