Плодноста е чудна работа. Кога сме тинејџери, ако слушнеме дека некоја пријателка е бремена, тоа за нас е најлоша вест. Кога сме во 20-тите години, фокусирани сме да не дојде до несакана бременост и преземаме мерки за заштита. Потоа, одеднаш се обидуваме да забремениме и грижите околу плодноста се во нашиот фокус. Се надеваме дека сме најплодни. Па, како може да кажеме колкав е степенот на плодност и дали сте подготвени за зачнување? Ова се неколку знаци:

Во раните 20-ти сте

– Возраста за најголема плодност кај жената е 20-24 години – вели д-р Арон Стајлер од САД, врвен ендокринолог за репродукција. Рангот за пикот не е ист кај сите жени и може да варира, во зависност од други медицински состојби, но како што напредува возраста, плодноста се намалува.

Имате редовни менструални циклуси

Да, треба да имаме редовни циклуси. Ако немаме, тогаш можеби има некој проблем. Но, ако сте од оние луѓе што имаат циклус баш како што треба според календарот, тогаш тоа значи дека сте плодни.

Искусувате ПМС-симптоми

Штом ги имате, тоа значи дека телото работи како што треба да работи, а тоа значи дека сте плодни. Студија на „Еволуција и човечко однесување“ открива дека како жени, стануваме малку „диви“ за време на најплодните денови од месецот.

Ги имате вистинските гени

– Кога размислуваат за сопственото семејство, многу жени мислат на леснотијата или тешкотијата да забременат некои нивни блиски роднини (мајки, сестри…). Некои пациенти ќе прашаат – дали има знаци дека имам нормална плодност, плодност под просек или над просек и слично? За жал, тешко е да се прецизира колку е некоја жена плодна врз основа на семејната историја и симптоми – вели д-р Стајер.

Имате цервикален слуз

– Има вообичаено верување меѓу многу жени дека зголемената слуз од грлото на матката во времето на овулацијата или регуларните менструални циклуси е знак за нормална плодност или хиперплодност. Во реалноста, нема симптоми или знаци за хиперплодност или дека некој има нормална плодност – вели д-р Стајер.

Не искусувате чести напливи на топлина

– Жените со чести напливи на топлина кои се случуваат во временски интервали на помалку од 24 дена може да се изложени на ризик од намален број и квалитет на јајце-клетки и потпросечна плодност. Ако жената има грижи за плодноста и желба да пристапи кон својот плоден потенцијал, може да се консултира со својот гинеколог, за да изврши одредени тестови – вели д-р Стајер.

Влијаете врз циклусите на другите

Сите сме слушнале за оние ситуации кога девојките што живеат блиску една до друга или заедно, имаат речиси истовремени менструални циклуси. Ова е всушност поради феромони. Ако вашите се доволно силни, тие влијаат врз циклусите на другите, што значи дека сте прилично плодни.

Автор: Али Валански

Извор



912

X