Тоа е тоа. Училиштето започна и нема враќање назад. Барем не до следното лето. Некои со нетрпение го очекуваа, некои не. Децата најчесто негодуваат, но всушност училиштето им носи многу добри работи во животот – друштво, работни навики, учење на борба со различни луѓе и јакнење на нервите. Ќе сфатат подоцна.

Сепак, родителите не се радуваат да се вратат во родителските групи, училишните игралишта и слично. Некои едноставно се како родени за тоа, а некои никогаш не се ни блиску до такво нешто.

Родителите во одделенијата од децата се многу разновидна мешавина – од оние деловни луѓе кои е невообичаено да се видат на такви места до оние што се целосно посветени на децата и училиштето, па и до оние што се секогаш неорганизирани и не им е грижа за ништо.

Најдобро е да сте некаде на средината. Секој во овие родителски групи има некаков статус. И, секако, луѓето зборуваат за тоа. Има некои работи на кои не можете да влијаете, но и некои работи на кои можете. Еве што не треба да правите за да не станете мајка за која сите зборуваат.

Бонтон на „Вацап“

Кога пораките во групата едноставно не престануваат и сите одговараат на прашање што никој не го поставил или одговара некој што не бил прашан, или сите наизменично ви се заблагодаруваат… Знаете сè. Потоа можете едноставно да го исклучите звукот на пораките од групата и да ги игнорирате дојдовните пораки. Она што не можете да го направите, или што не е прифатливо, е да го напуштите разговорот. Од друга страна, немојте да бидете онаа личност што го полни разговорот со постојани пораки и со непотребни прашања на кои треба да го знаете одговорот или можете многу лесно да го најдете, туку гледајте на групата како на извор на информации што е од големо значење.

Премногу пораки веќе би можеле да изнервираат некого, а вие не сакате да бидете таа личност што го предизвикува тоа. Пред да поставите прашање, проверете ги училишните известувања и пораки и прашајте го детето.

Работите од дома за време на дружење

Дали сакате да договорите дружење на вашето дете со друго дете кај вас, додека работите од дома? Во ред, но само ако се согласи и другиот родител. Дури и ако е така, сепак треба да бидете донекаде „достапни“ за децата доколку им требате. На пример, мора да можете да ја оставите отворена вратата од просторијата каде што работите и да им кажете на децата дека сте таму во случај да им требате.

Се жалите за дружењето на вашето дете кај другите родители

Вашето дете било договорено за играње, се дружело со пријател, каде што јадело нездрава храна што вообичаено не му ја давате или гледало многу повеќе телевизија отколку што му е тоа дозволено дома. Добро е, смирете се, ништо драматично не се случило. Не морате повторно да го пуштите таму да игра и тоа е во ред. Не почнувајте да ја ширите приказната за тоа меѓу мајките, бидејќи никогаш не знаете кој со кого е во добри односи. Озборувањата брзо се шират и не го сакате тоа за себе или за вашето дете.

Не се појавувате на настани

Не е неопходно да им ја нудите вашата помош на наставниците или професорите секогаш кога нешто ќе се прави, никој тоа не го бара и не го очекува од вас. Но, повремено, кога ќе добиете шанса, понудете се да помогнете, особено на некои настани. Прашајте дали можете да им помогнете на децата да постават штанд за божиќната распродажба, дали можете да продавате чај со наставникот, ако треба да направите колачи за заедничко дружење на децата, потоа може да помогнете да ја исчистите училницата по работилниците или кога училиштето има „Отворен ден“.

Ако другите родители секогаш ве гледаат како шетате наоколу и не правите ништо, тоа може да биде причина да озборуваат и да се жалат.

Користење мобилни телефони на игралиште

Игралиштето не е ваша канцеларија и кога сте таму, треба да се држите подалеку од телефонот освен ако тоа не е итна работа. Ако премногу се јавувате на телефон, не само што давате до знаење дека не сакате да комуницирате со никого, туку и испраќате порака дека не му давате приоритет на вашето дете, туку – на вашиот мобилен телефон. Поставете вистински пример за детето кое за неколку години ќе биде само на игралиштето.

Фалење со вашето дете

Секако, треба да бидете горди на вашето дете и неговиот успех, нема сомнеж во тоа. Но, другите родители понекогаш (или никогаш?) не мора да сакаат да го слушнат тоа – особено кога го споредуваат вашето дете со нивното. Наместо тоа, пофалете се пред семејството и пријателите од семејството. Ако друг родител му дава комплименти на вашето дете, кажете му „благодарам“ – но не претворајте го во цел говор за тоа колку е совршено вашето дете.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X