Игротека

Знаци дека премногу се грижите за детето и со тоа му нанесувате штета

Воспитувањето деца е одговорна работа која вклучува рамнотежа помеѓу прекумерната попустливост и строгоста: да не контролирате премногу, а сепак да имате доволно граници. Вистина е дека прекумерното внимание може да наштети исто колку и недостигот. Ова се седум показатели кои ќе сигнализираат дека вие сте меѓу оние што претеруваат.

1. Готвите одделни оброци за децата

Се разбира, ако сте направиле риба што вие и вашиот сопруг ја јадете во специјална пригода, но знаете дека децата сигурно нема да ја јадат, во ред е да им го направите она што им се допаѓа. Но, ако се убивате секоја вечер од работа за да подготвите друг оброк за децата, тогаш им испраќате порака дека кујната се врти само околу нив.

2. Детето ги прекинува разговорите на возрасните

Истражувањата за воспитување деца покажуваат дека додека не наполнат седум години, децата се прилично егоцентрични и гледаат на светот егоцентрично. Може да му објасните на петгодишно дете дека не треба да го прекинува разговорот, но нема да разбере зошто е тоа некултурно. Кај постарите деца, кои треба да бидат помалку егоцентрични во однос на развојот, прекинувањето на нечиј разговор е начин на наметнување моќ.

3. Децата ви се поважни од бракот

Ако го насочите вашето внимание од детето кон сопругот во еден момент, тоа нема да му наштети на детето. Важно е за нивното чувство на сигурност да видат како луѓето што ги сакаат најмногу се сакаат едни со други. Тоа им дава на децата чувство на сигурност, мир и учат што е љубов.

4. Останувате дома поради однесувањето на детето

Дали некогаш сте одбиле покана за дружење затоа што знаевте дека вашето дете нема да се однесува убаво? Или не отидовте во ресторан на вечера затоа што знаевте дека детето нема да може да седи мирно? Ако мислите дека мудро ги одбирате битките, грешите. Всушност, вие само му давате на детето моќ и пропуштате ситуации во кои може да научи нешто и да расте.

5. Децата спијат со вас секоја вечер

Ако вашето четиригодишно дете никогаш не спие во својот кревет, можеби му обрнувате премногу внимание. Не зборуваме за заеднички организирани спиења, туку за секојдневната ситуација во која детето спие секој ден со своите родители. Ова го покажува недостигот на граници.

Автор: Аби Ватс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top