Не можете да предвидите кога точно ќе почне породувањето, но постојат знаци кои укажуваат на тоа дека контракциите ќе почнат набрзо. Некои жени ги чувствуваат сите симптоми, додека има и такви што не забележуваат никакви знаци. Важно е да знаете дека не постои една работа што ќе ви каже дека почнува породувањето. Сепак, има неколку знаци што укажуваат на тоа:

Слузокожа

Постои можност да забележите мала количина слуз на гаќите. Кога ќе се појави, може да значи дека цервиксот почнал да омекнува и дека малку се отворил. Ова може да се случи две недели пред породувањето.

Болка во долниот дел од грбот

Ваквите болки се чести и обично се многу слични на менструалните.

Лажни контракции

Брекстон Хиксовите контракции се практично вежба на грлото на матката, како подготовка за вистинските контракции. Некои експерти истакнуваат дека овие контракции некогаш може да бидат и знак дека жената дехидрирала или дека ѝ треба одмор. Постојат и жени што воопшто не ги чувствуваат пред оние вистинските.

Зачестена столица

Зачестената столица и проблемот со цревата, исто така, може да биде знак за породување. Ова „празнење“ е природен начин да направите малку место во стомакот за бебето.

Чувство како да мора да одите по голема нужда

Иако можеби не одите толку често во тоалет, постои можност да почувствувате таква непријатност.

Пукање на воденикот

Ова е веќе знак дека породувањето почнува. Доколку испуштите амнионска течност, породувањето најверојатно ќе се случи во следните 24 до 48 часа.

Притисок во долниот дел на стомакот

Додека некои чувствуваат болка во грбот или во стомакот, постојат и такви што едноставно чувствуваат притисок. Тоа е знак дека бебето се свртило надолу и дека набрзо ќе започне породувањето.

Вагинални болки

Овие болки значат дека бебето се свртило кон породилниот канал и дека породувањето се ближи. Вртењето на бебето може да се случи и две недели пред породувањето, не мора да значи дека веднаш ќе почне.

Стомакот како да се спушта

Да, и ова се случува токму поради вртењето на бебето со главата надолу.

Промена во рутината на спиење

Многу жени пред породување имаат проблеми со несоница, меѓутоа, има и такви кај кои дошло до неочекувано подобрување на сонот.

Многу силни емоции

Не се сите знаци од физичка природа. Некои мајки истакнале дека пред породувањето станале многу емотивни.

Нервоза

Многу мајки се пожалиле на чувство на нервоза некое време пред породувањето.

Миленичињата не се одвојуваат од вас

Многу пати сме слушнале дека животните ја чувствуваат бременоста и пред да забремените. Изгледа дека може да почувствуваат и дека се ближи породувањето.

Извор



912

X