Најстарите деца во семејството, особено женските, понекогаш може да развијат чувство дека се преоптоварени и постојано одговорни за другите, а и да имаат проблеми да ги застапуваат своите потреби.

-Синдромот на најстаро дете е термин кој се користи за опишување на емоционалната тежина што најстарите ќерки често ја носат на грб. Многу постари ќерки се грижат за помалите браќа и сестри, помагаат во домашните работи, па дури и се грижат за болните членови на семејството од мали нозе – вели невропсихологот Санам Хафез.

Овој концепт не е нов.

-Синдромот е широко признат феномен, особено кај постарите ќерки, кои често се борат со влијанието што го има феноменот врз нивниот идентитет и односите во семејството – додава д-р Хафиз.

Ова се предупредувачките знаци кои укажуваат на тоа дека товарот е преголем за најстарото дете:

-недостиг на лично време поради семејни обврски
-жртвување на личниот развој, како што е образованието или дружењето
-борба за поставување граници
-неможност да се изразат сопствените потреби.

Има и позитивни страни кои треба да се земат предвид. На пример, најстарите деца во семејството развиваат силни лидерски и организациски вештини и знаат добро да управуваат со задачите и приоритетите.

Извор



912

X