Многу родители често се во дилема дали да имаат второ дете или треба да почекаат уште малку. Но, покрај сопствената подготвеност, се случува и да ја преиспитуваат подготвеноста на првороденото дете. Експертите, пак, објаснуваат дека има јасни знаци кои покажуваат оти детето не е сосема подготвено за братче или сестричка.
Дури и ако не планирате да ја одложите бременоста поради тоа, барем ќе можете да работите на подготовка на вашето дете за промените што доаѓаат.
„Прашањето за одлучување дали да се има повеќе деца треба да се заснова на стабилноста и среќата од моменталната состојба на работите. Ако сите се среќни, учат и комуницираат добро, тогаш тоа е добра одлука. Од друга страна, доколку веќе постојат проблеми, може да настанат и нови“, објаснува психијатарот Алекс Димитри.
„Идеално би било кога би имало стабилност уште пред да се преземе нешто ново во семејството, а тоа го вклучува и доаѓањето на новиот член во семејството. Таа стабилност е вкоренета во здравјето и благосостојбата на вашето дете, па затоа е важно да бидете сигурни дека неговите емоционални потреби се задоволени додека семејството се проширува. Набљудувањето на неговото однесување и навиките, како дел од потрагата за тоа како се чувствува детето, е одлично место за почеток“.

Според него, ова се знаци кои јасно покажуваат дека детето сè уште не е подготвено за брат или сестра:
-тој сè уште спие во креветот со вас
-уште го доите
-не разбира дека малите бебиња се „досадни“
-не научило да поминува време одвоено од вас
-упорно вели дека не сака брат или сестра.