Здравје

Знаци за опсесивно-компулсивно нарушување

На возраст од околу 8 години мојот син почна да врти по 8 пати околу килимот во дневната соба пред да оди в кревет. Се посомневав дека неговото однесување е одложувачка тактика бидејќи не му беше дијагностицирано нарушување на концентрацијата и иако знаев дека има анксиозна страна, никогаш не сум слушнала за опсесивно-компулсивно нарушување, ритуали и компулсии. Кога премина во погорните одделенија, претпоставив дека неговото однесување е поради ескалација на неговата анксиозност, но сè поголем куп од неговите предмети се појавуваа пред вратата од неговата спална соба секоја вечер – кулминирајќи со целата содржина на неговата спална соба – па знаев дека тука се крие нешто повеќе.

Неговите симптоми на нарушување на концентрацијата беа маскирани со опсесивно-компулсивно однесување

Опсесивно-компулсивното однесување беше придонесувачки фактор за неговите маки на училиште, неможноста да го одржи фокусот, пријателствата и енергијата потребна за одржување односи со врсниците. Неговите интрузивни мисли околу контаминација предизвикуваат најмногу проблеми. Постојано ги миеше рацете и се тушираше, ги менуваше пешкирите по секоја употреба. Кога сфативме дека ги менуваме душеците на секои два месеца поради ситни дамки кои го попречувале во спиењето, што не е препорачлива стратегија за опсесивно-компулсивно однесување, го однесовме кај нашиот општ лекар. Американската психијатриска асоцијација вели дека дијагнозата за опсесивно-компулсивно нарушување бара присуство на опсесии или компулсии кои одземаат квалитетно време (повеќе од еден час дневно), а предизвикуваат и значителен стрес и ја нарушуваат социјалната и општа функционалност. За жал, состојбата не може да се подобрува ако не се третира и е највообичаена кај постарите тинејџери, млади лица и луѓе со други проблеми со менталното здравје.

Знаци за опсесивно-компулсивно однесување кај деца

Ако имате некаква загриженост за вашето дете, ова се знаците што треба да ги следите:

– Претерано миење/чистење или ритуал за чистење кој мора да се следи на истиот начин секој пат.
– Потреба за местење предмети на начин кој детето има чувство дека е „правилен“ пред да може да премине на друга активност.
– Постојано барање за уверување и прашување дали нешто е во ред.
– Постојано влегување во одредено однесување сѐ додека не се добие „правилното чувство“ – ова може да подразбира мали однесувања како тапкање на едното рамо ако другото било тапкано, па сѐ до многу поочигледни однесувања како бришење и повторно работење на некој труд за сѐ да изгледа „правилно“.
– Претерано проверување – дали вратата е добро затворена, со можност во повеќе наврати да се враќа назад за да провери.

Третирање на опсесивно-компулсивното однесување

Клучот е да се открие кој е изворот на стравовите на детето и која е целта на однесувањето. Овие информации може да им помогнат на медицинските лица да одредат план за третман. Повеќето експерти се согласуваат дека когнитивно-бихевиоралната терапија е процес кој се потпира на изложеност, а тоа е најефективниот долгорочен третман сѐ додека е насочен кон задоволување на потребите на детето и ако му е даден соодветен модел за неговите предизвици. Ако понудите таков третман, веројатно ќе бидете повикани да бидете вклучени во сесиите со вашето дете, па ќе научите како да го поддржите и управувате неговиот напредок.

Повеќето од нас сѐ уште мислат дека опсесивно-компулсивното однесување е трчање назад во домот кога помислувате дека рерната сте ја оставиле вклучена, но тоа не е исто со опишаните предизвици на опсесивно-компулсивното однесување кај децата. Бидејќи, ако не се третира, таквото однесување може да доведе до попречување на секој аспект од функционалноста на детето, а може да влијае и општо врз целото семејство. За жал, стигмата, како и за повеќето нарушувања, го попречува развојот на свесноста и подобриот пристап кон третирање на овие предизвици, а во огромна мера се забележува и недостиг на разбирање и едукација за оваа појава. Сепак, состојбата се третира и дава ефекти, па нема причина детето да страда, односно опсесивно-компулсивното нарушување да му влијае врз квалитетот на животот или потенцијалот за развој.

Автор: Луиза Симондс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top