Деветгодишно момче од Масачусетс му покажа пример на светот преку неговото добро дело.
Арон Гувеја, татко на три деца, споделил видео на „Тик-ток“ од неговиот син Сем кој му подарува кошула што ја сошил на часовите за шиење по училиштето. Видеото, кое е веќе прегледано над 9 милиони пати, започнува со колебливиот Сем кој влегува во спалната соба на неговиот татко. Во рацете ја држи кошулата што ја сошил.
„Ти го направи ова?“, прашува татко му импресиониран од синот.
„Ги направив копчињата и ги направив дупките за копчињата“, му вели Сем. Подоцна додава: „Добив помош, но поголемиот дел го направив сам“.
„Да! Види го ова!“, извикува Гувеја додека се восхитува на својот одраз во огледало. Камерата потоа се насочува кон Сем, кој зрачи со позитивна енергија. Кошулата е во стилот на 70-тите години. Таткото го прашува Сем: „Можам ли да го носам ова на вечера?“ и „Зошто го избра овој модел?“
„Зошто го избрав моделот? Едноставно ми изгледа кул“, објаснува Сем. „И оди со фармерки какви што обично носиш“.
Гувеја не е единствениот кој мисли дека Сем има сериозни вештини за шиење.
@daddyfiles Sam made me a shirt! Wow. #sewing #sewingtiktok #samsewgood #boyswhosew #parenting #raisingboys ♬ original sound – Aaron
„Имам диплома за моден дизајн. Детето има суров, природен талент“, напишало едно лице во коментарите.
Автор: Рејчел Пола Абрамсон