По десетина дена престој во клиничката болница „Жан Митрев“, малата Алеа си замина дома. Докторите од педијатрискиот оддел им ја предадоа на родителите, а тие со нетрпение чекаа да си ја однесат дома.

– Алеа е голем борец, кој уште во првите денови од своето раѓање ја започна битката која за неа значеше живот. Таа е едно од многуте новороденчиња на кои уште при раѓањето им е констатирана срцева маана, по што веднаш е контактирана нашата клиника за преземање на случајот – велат од клиничката болница.

Алеа е родена со срцевата маана тетралогија на фало. Се работи за второ дете од втора по ред редовно контролирана бременост, родено во 33. гестациска недела, со царски рез.
Првата хоспитализација била на возраст од 2 месеца.

– Од Клиниката за гинекологија и акушерство беше префрлена во нашата болница. На 19 ноември, по соодветна подготовка, д-р Жан Митрев со својот искусен тим ја направи операцијата. Конкретно беше направена тотална корекција со проширување на левата пулмонална гранка на левата пулмонална артерија со трансануларен перикарден пач со монокусписна валвула со матрикс, затворање на вентрикуларен септален дефект со перикарден пач – објаснуваат од „Жан Митрев“.

Вториот ден по интервенцијата доенчето било со стабилни витални параметри и е исклучена инотропната поддршка. Третиот ден е почнато со постапно мобилизирање на детенцето, по што заздравувањето одело побрзо по нагорна линија. Забележан е уреден синусен ритам, исклучена е срцевата поддршка од пејсмејкерот, а раните уредно и брзо зараснуваат. Петтиот ден од престојот префрлена е на одделение. Редовно е контролирана ехосонографски со постепено подобрување на ехосонографскиот наод. Понатамошниот постоперативен тек тече уредно.

– Овој мал пациент, а голем борец се отпушта дома во добра општа состојба. Родителите не ги штедеа зборовите на благодарност кон целиот систем кој функционира и значи живот за децата што се раѓаат со срцеви маани – велат од болницата.

Мајката на Алеа вели дека стравот во текот на лекувањето постојано ја следел, но сè поминува полесно кога се нуди решение во болница како „Жан Митрев“.

– Ѝ благодариме и на Клиниката за гинекологија од каде што навремено нè упатија овде. Нормално, стравот беше присутен цело време кај нас, но сепак кога ви се нуди решение во една ваква болница, сето тоа поминува полесно. Знаевме дека Алеа е во сигурни раце. Благодарност до целиот тим кој и нас како родители постојано нè опсипуваше со внимание, информирање и храброст – вели мајката на малата Алеа.

(Комерцијална објава)



912

X