Железото од продуктите од животинско потекло, како месото, морските плодови и живината, лесно се апсорбира во организмот. Но, на организмот сепак му треба помош за да го апсорбира железото од продуктите од растително потекло, како што се зеленчукот со зелени лисја (спанаќ, блитва, зелка), мешунките, лебот и житарките збогатени со железо и сувото овошје.

Можете да ја зголемите апсорпцијата на железото од продуктите од растително потекло користејќи продукти од животинско или комбинирајќи ги со продукти што се богати со витамин Ц, како сокот од портокал, јагоди, црвени пиперки, брокула, грејпфрут, диња, домати, манго и компир.

Железото може да се најде во разни продукти. Еве некои продукти што се најдобар извори на железо:

* ½ шолја житарки збогатени со железо – 12 мг железо
* ½ шолја овесна каша, подготвена со вода – 5 мг
* ¼ шолја тофу сирење – 2,22 мг
* ¼ шолја соја – 2 мг
* ¼ шолја варена леќа – 2 мг
* ¼ шолја грав – 1 мг
* 30 гр варено немасно телешко месо – 1 мг
* 50 гр немасно мелено месо – 1 мг
* ¼ шолја варен спанаќ – 0,9 мг
* 1 парче интегрален леб – 0,9 мг
* ¼ шолја суво грозје – 0,7 мг



912

X