„Доењето основа на животот“ е годинешното мото на Светската недела на доењето, што традиционално се одбележува од 1 до 7 август

1. За производството на мајчиното млеко се трошат 25% од енергијата на телото. Мозокот троши дури 20% од енергијата.

2. Мајчиното млеко им помага на жените во губењето на килограмите, односно во враќањето на тежината пред бременоста. При производството на мајчиното млеко телото троши од 600 до 1.000 калории дневно.

3. Составот на млекото се менува како што расте бебето. Во почетокот има водникава структура, а на крајот е густо и полно со маснотии, односно калории, потребни за раст и развој на детето.

4. Мајчиното млеко нема секогаш ист вкус. Се менува во зависност од тоа што јадела мајката. На тој начин бебето се подготвува и за вкусови за цврста храна, која наскоро ќе почне да ја јаде.

 

5. Млекото не излегува само од една дупка. Секоја брадавица има по неколку минијатурни отвори што испуштаат млеко, а бројот варира од жена до жена.

6. Бебето празни околу 65% од млекото по оброк, бидејќи јаде додека не се засити, а не додека не го исцица целото млеко.

7. Околу 75% од жените произведуваат повеќе млеко во десната дојка, која се смета за доминантна.

8. Мајчиното млеко го содржи хормонот на сон – мелатонин, кој ги успива бебињата.

9. Мајчиното млеко е уникатно како отпечаток од прст. Од мајката и од нејзината исхрана зависат изгледот, квалитетот и вкусот на нејзиното млеко.

10. Од мајчиното млеко да се направи дури и сирење. Готвачот Ричард Адамс од Њујорк од млекото на својата сопруга направил сирење и го послужил во својот ресторан. Рекол дека има суптилен вкус со слатки ноти и мека содржина како панакота.



912

X