Совети

Знаци дека детето е подготвено за нокшир

Знаците за одвикнување од пелени најчесто се појавуваат околу втората година, иако кај некои деца тоа се случува порано, а кај некои подоцна.

Време е за акција доколку вашето дете:

  • Стабилно оди и може да седи мирно неколку минути.
  • Покажува поголема независност (и почесто вели „не“).
  • Со љубопитност ве набљудува кога одите во тоалет.
  • Има сува пелена во траење од 2 или повеќе часа.
  • Ви кажува со зборови или гестови кога мочкало или какало.
  • Почнува да ја мрази полната пелена и се обидува да ја соблече.
  • Има редовна, мека и формирана столица.
  • Може самостојно да ги спушта и крева панталончињата.
  • Разбира и следи едноставни насоки (на пр., „Дај му ја топката на тато“).

Не мора сите овие знаци да бидат присутни одеднаш. Однесувањето на детето ќе ви каже кога е вистинскиот момент да започнете.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top