Животот е полн со подеми и падови. Сепак, светот понекогаш може да биде особено тешко место за жените. Поради оваа причина, важно е мајките да ги учат своите ќерки сè што можат за светот и за себеси. Следуваат неколку вредни животни правила на кои сите мајки треба да ги научат своите ќерки:
Мести го креветот секој ден, дури и ако е непосредно пред да легнеш да спиеш.
Патувај лесно низ животот. Чувај го само она што ти треба.
Не ти треба партнер за да бидеш цела. Способна си да бидеш сама, но во ред е ако сакаш со некого да го споделиш твојот живот.
Во ред е да плачеш кога си повредена.
Не треба да се менуваш само за да се вклопиш. Секогаш биди своја.
Никогаш не е твоја вина ако некој те искористи. Не е важно што си кажала, што си облекла, што си пиела или кој бил во прашање. Не дозволувај некој да те убеди во спротивното и не плаши се да зборуваш.
Само затоа што можеш да направиш нешто, не значи дека треба.
Живеј по правилото 5 секунди.
Среќата не е постојана состојба. Интегритетот е. Не мешај ги.
Често застанувај и фотографирај.
Никогаш немој да бидеш премногу зафатена за да создаваш спомени.
Никогаш не оди сама по темна уличка.

Никогаш не оставај го пијалакот без надзор на јавно место.
Не оди дома со непознат без да кажеш некому каде одиш.
Ако не можеш да се насмееш со очите, немој да се насмевнуваш. Неискреноста не е ништо кон кое треба да се стремиме.
Никогаш не лажи се себеси.
Верувај во себе, дури и кога се чини дека никој друг не го прави тоа.
Секогаш застани зад себе.
Твое тело, твои правила.
Можеш да постигнеш сè што ќе си поставиш на ум. Не плаши се да работиш напорно за она што го сакаш во животот.
Луѓето се скршени и можеби не ти ја даваат љубовта што ја заслужуваш, сакај ги во секој случај.
Научи да менуваш гума и да готвиш барем едно јадење без рецепт.
Кажи „те молам“, „благодарам“ и „извинете“ секогаш кога тоа го бара ситуацијата.
Дремките се и за возрасни.
Не грижи се за работи кои не можеш да ги контролираш. Не вреди за твоето време или енергија.
Одвој време. Не треба да правиш сè одеднаш.
Преиспитувај сè освен сопствената интуиција.
Имаш доволно. Доволна си.
Без разлика каде си, секогаш можеш да се вратиш дома.
Болката не е трајна. Сè се менува со текот на времето.
Никогаш не дозволувај некој да те малтретира до точка кога ќе се чувствуваш безвредно.
Кажи го она што го мислиш и мисли го она што го кажуваш.
Биди љубезна. Однесувај се кон другите како што би сакала тие да се однесуваат со тебе.
Наместо да ги повредуваш луѓето, направи да се чувствуваат важни.