Воспитување

Децата на возраст од 6 до 8 години – златна доба на родителството

Секоја фаза од родителството е убава на свој начин, но секој човек има омилена возраст, време по кое пати кога доаѓаат потешки времиња. Сите тие спомени имаат златна аура од среќа и задоволство кои ги надминуваат годините на кои родителите не би сакале да се сеќаваат.

Многу луѓе мислат дека сакаат бебиња. Мирисот на нивната кожа, смиреноста додека спијат и нивниот вчудовиден поглед. И јас го чувствував тоа. Но, откако заврши плачењето, недостигот на сон, менувањето пелени и беспомошноста, немаше враќање назад.

За среќа на моето помало момче, бев повторно бремена за 13 месеци по раѓањето на неговиот брат, премногу рано пред да сфатам дека квалитетот на животот по дете може да биде подобар од само 5 часа сон.

Малите деца и тинејџерите ретко се нечии омилени личности бидејќи често знаат да извадат некого од такт со своето брзо зборување и неодговорност. Се бунтуваат на различни начини за различни причини, но тие се две страни од една иста личност.

Во меѓувреме, децата од претшколска возраст се само послаба верзија на тинејџерот. Моето време поминато со мали деца не инспирира самодоверба за она што следува.

Моите деца имаат 6 и 8 години сега. Знам дека оваа нивна возраст ќе ми недостига најмногу бидејќи најмногу уживам во неа. Ова е возраста кога се доволно големи да имаат карактер и да бидат разумно независни, но сè уште доволно млади за да ме сакаат (поголемиот дел од времето). За разлика од периодот поминат со тинејџерите, мислам дека ова е „златната доба на родителството“.

Имам слатки видеа со смешните фаци што ги прават децата кога првпат пробуваат одредена храна. Ова е возраста кога децата се навистина смешни и имаат интересен карактер. Тие се смешни случајно и не сфаќаат што точно прават за да насмеат некого, но реагираат позитивно. Постарите деца премногу се трудат да бидат смешни, сериозно се сфаќаат себеси или употребуваат премногу сарказам. Децата на возраст од 6 до 8 години се слатки и нивните шеги се спонтани. Се смеев повеќе со моите деца во изминатава година отколку што сум се смеела целиот живот.

Друга причина зошто ја сакам оваа возраст е поради тоа што помалку им треба во секојдневниот живот за секојдневните активности. Врзување на чевлите, закопчување на јакните – задачи кои целосно ги завршуваат сами. Можеби им се потребни 20 минути повеќе отколку на возрасен човек, но важно е дека ги завршуваат. Сами се забавуваат, читаат книги-сликовници, сами наоѓаат што да гледаат на „Нетфликс“.

Се разбира дека се досадуваат понекогаш, имаат кавги, не можат да ги најдат чевлите и слично. Но, никој не е изгладнет, не крева паника кога излегува од собата итн. Просечното ниво на независност им дава простор да растат и простор за јас да дишам. Тоа што им требам помалку прави да ги сакам повеќе. За среќа, ова е возраста кога сè уште сакаат да сум присутна. Уште се потпираат на моето рамо додека гледаме филм или ме држат за рака кога се шетаме во паркот. Берат цвеќиња за мене додека играат надвор и ми раскажуваат за нивните приказни додека одат во кревет. Бараат да играм со нив и навистина ни е забавно. Ми се извинуваат без тоа да го барам од нив. Велат „благодарам“ кога ќе ги однесам на некоја активност и тоа со парите што самите ги заштедиле. Ми велат дека ме сакаат неколку пати на ден и јас тоа го чувствувам.

Ова е „златната доба на родителството“. Знам дека ова време е позајмено. Дека трае кратко, па мојот најстар син ќе наполни 9. Веќе почнува да ги „превртува очите“, а јас веќе не се смеам на тоа. Наскоро ќе се однесува како да не сум му потребна за ништо (а нема да биде така). Ќе го открие сарказмот и ќе мисли дека тој го измислил. Ќе биде засрамен и ранлив, а ќе ми кажува дека ме мрази поради неважни работи. Ќе ме замолчува и ќе исчезнува. Ќе се враќа, но нема да биде истиот.

Сигурна сум дека ќе ги сакам што и да станат и ќе најдам радост во секој период. Но, секогаш ќе ми недостигаат вакви какви што се сега, во оваа златна доба, кога се смееме повеќе, спонтано покажуваме љубов и си требаме едни на друг.

Автор: Лини Саливан

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top