На децата ќе им ја пренесам мојата самодоверба, позитивна енергија, креативност, трпение… Интересните прашања ќе бидат дел од секоја активност, каде што до израз ќе дојде развивањето на критичкото мислење кај децата
Златица Апостолов од Скопје е еден од едукаторите во „Бибиверзум“, образовен центар кој се наоѓа во Градскиот трговски центар во Скопје и е дел од големата образовна платформа „Во светот на Биби“. Златица е дипломиран професор по одделенска настава со 15 години работно искуство и заедно со своите колеги во креативна атмосфера ќе вклучи многу образовни алатки и ресурси за воспитување и образование на децата. Наставата ќе почне на 9 март и ќе трае 3 месеци.
За себе вели дека е:
Забавна
Либерална
Амбициозна
Толерантна
Интуитивна
Цврста
Авантурист
Да му се приклучи на тимот на „Бибиверзум“ ја поттикнала љубовта кон децата; грижата за нив, тимската соработка, комуникацијата и програмата со различни концепти на учење се најголема мотивација за неа.
– Од особено големо значење е оној печат кој наставниците – едукаторите го оставаат врз личноста на учениците, децата, користејќи ја моќта на своето стекнато знаење, неуморното подучување и всадување позитивни вредности во малите главчиња. Чувството да се биде дел од тимот и магијата на „Бибиверзум“, големата образовна платформа со многу алатки и ресурси, е прекрасно! – вели Златица.
Преку посветеноста на децата и професионалниот однос како едукатор таа верува дека ќе гради средина на доверба, која ќе ја релаксира атмосферата и ќе им помогне на децата повеќе да се фокусираат на учењето.
– На децата ќе им ја пренесам мојата самодоверба, позитивна енергија, креативност, трпение… Интересните прашања ќе бидат дел од секоја активност, каде што до израз ќе дојде развивањето на критичкото мислење кај децата – вели нашата соговорничка.
Златица им порачува на родителите дека децата ќе научат важни животни лекции.
– Почитувани родители, чест и задоволство ќе ми биде ако вашето дете биде дел од „Бибиверзум“. Дојдете да се запознаеме, да се дружиме, заедно да научиме важни животни лекции, да истражуваме, да ги гледаме сказните на Биби и Боби, да играме, да пееме, да цртаме, да се забавуваме и да уживаме во активностите што ги подготвивме за најмалите – додава таа.
Фото: Борче Поповски
912