Здравје

Зимски услови: Кога да го однесете бебето на прошетка?

Новороденчето не треба да се шета кога надвор е многу студено и има ветер и/или магла. Маглата е многу лоша за бебињата, но и за сите други бидејќи најчесто се работи за смог.

Значи, кога да излезете надвор за првата прошетка?

Како што кажавме претходно, би било мудро да се почека неколку недели пред да се изложи новороденчето на зимски услови. И тоа од повеќе причини.

-зимските бебиња мора да облечат зимска облека во која често не им е удобно;

-бебињата слабо ја регулираат својата телесна температура, а родителите имаат тенденција да ги облекуваат во слоеви, па може да дојде до прегревање.

Секако, попаметно е да почекате барем неколку недели бебето да порасне за да му биде што попријатна првата прошетка.

На што да внимавате?

Пред да излезете, проверете ги температурата и условите надвор. Секако дека нема да излезете ако надвор врне силен снег или дожд. Исто така, не е препорачливо да се излегува надвор дури и кога има магла или силен ветер. Децата дишат преку устата, па ветрот им го суши грлото, што може да доведе до болки во грлото и кашлање.

Треба да се има предвид и климата во која е родено детето. Иако данскиот тип на воспитување со зацврснување на децата на студ има смисла и има свои позитивни страни, сепак, не сме во Данска и температурите ни се умерени. Имајте на ум дека новороденчињата можеби немаат многу трпение за студот. Прошетајте максимум половина час и тоа кога бебето е нахрането и пресоблечено за да ја направите прошетката што попријатна.

Како да се облекуваат зимските бебиња?

Сите велат дека бебињата треба да бидат облечени како што ние се облекуваме – со еден слој повеќе бидејќи не се движат.

-Ако бебето има зимска јакна, облечете му памучни панталони, чорапи и боди одоздола и покријте го со ќебе во количката.
-Имајте и ракавици бидејќи рацете на бебињата многу брзо се ладат. -И секако, капа и покриен врат. Марамите не се практични ако бебињата се лигават бидејќи ќе им биде студено.
-Погрижете се да имате при рака ќебе кога го возите бебето во количка, а исто така добро ќе ви дојде и ако го носите вашето бебе во носач.
-Што се однесува до кенгурите и носачите, бебињата во нив не смеат да бидат во скафандер бидејќи носачот нема добро да ги покрие и нема да постигне добра положба.
-Исто така, носачот мора да биде под јакната на мајката, а не над јакната, од истата причина.
-Облеката што има ногавици мора да биде малку поголема за да не го стегаа бебето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top